Миодраг Белодедиќ
Миодраг Белодедиќ (романски изговор: Миодраг Белодедичи; српски правопис Миодраг Белодедић; роден на 20 мај 1964 година) е романски пензиониран фудбалер кој настапувал како чистач, односно одбранбен играч.
Миодраг Белодедиќ | |||
---|---|---|---|
Белодедиќ во 2010 година | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 20 мај 1964 | ||
Роден во | Сокол, Романија | ||
Висина | 1.85 м (6 ст 1 ин) | ||
Позиција | Одбрана | ||
Младинска кариера | |||
1978–1981 | Минерул Молдавија Ноуа | ||
1981–1982 | Луцефарул Букурешт | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1982–1988 | Стеауа Букурешт | 174 | (18) |
1989–1992 | Црвена Ѕвезда | 63 | (3) |
1992–1994 | Валенсија | 49 | (0) |
1994–1995 | Ваљадолид | 31 | (0) |
1995–1996 | Виљареал | 16 | (2) |
1996–1998 | Атланте | 63 | (2) |
1998–2001 | Стеауа Букурешт | 61 | (3) |
Вкупно | 457 | (28) | |
Репрезентација | |||
1982–1984 | Романија под 21 | 16 | (1) |
1984–2000 | Романија | 55 | (5) |
Животопис
уредиНеговото пребегнување од Романија во СФР Југославија е тема на расказот „Последниот човек“ (српски: Poslednji čovek) на српскиот писател Вуле Журиќ од 2014 година.[1]
Кариера
уредиБелодедиќ го носел прекарот елен поради неговите елегантни спречувања на противничките напади. Поголемиот дел од својата 19-годишна професионална кариера ја поминал во Стеауа Букурешти (десет сезони), освојувајќи ја Лигата на шампионите, како и во со Црвена Ѕвезда од Белград. На тој налин, тој станал првиот играч кој станал европски шампион со два клуба.[2][3] Тој, исто така, играл во Шпанија и во Мексико.
Белодедиќ забележал 55 настапи за фудбалската репрезентација на Романија, која ја претставувал на Светското првенство 1994 и на две европски првенства.[4]
Наводи
уреди- ↑ Vule Žurić, Tajna crvenog zamka. Laguna, Beograd, 2015. стр. 103-114.
- ↑ „Spectatorii admirau eleganța lui Belodedici“ [Spectators admired Belodedici's elegance] (романски). Архивирано од изворникот на 2013-12-03. Посетено на 2 July 2017.
- ↑
- ↑ „Miodrag Belodedici – International Appearances“. RSSSF. Посетено на 18 April 2014.