Фонд за здравствено осигурување на Македонија

(Пренасочено од ФЗОМ)


Фонд за здравствено осигурување на Македонија (кратенка: ФЗОМ; службено познат како Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија) — македонска институција која ја врши функцијата како единствена осигурителна организација во која се спроведува задолжителното здравствено осигурување врз начелата на заемност солидарност, за целата територија на Република Македонија.[5][6] Сегашни директори на фондот се Ден Дончев и Орхан Рамадани.[7]

Фонд за здравствено осигурување на Македонија
Лого на фондот
Податоци за органот
Основан 17 октомври 2000[1][2]
Надлежност Влада на РМ
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Вработени 705[3] (2021)
Годишен буџет 26,947 милијарди MKD[4] (2016)
Раководители Сашо Клековски
Бранко Аџигогов
Матичен орган Министерство за здравство
Мрежно место
fzo.org.mk

Фондот е основан на 17 октомври 2000 година кога Собранието на Република Македонија донесе одлука со која се именувани членови на Управниот одбор на ФЗО.[2]

Надлежности

уреди

Фондот ги има следните надлежности:

  • ги спроведува прописите и политика на развојот и унапредувањето на здравствената заштита во врска со задолжителното здравствено осигурување;

со општи акти ги уредува прашањата за кои е овластен со овој закон;

  • планира и прибира средства од задолжителното здравствено осигурување;
  • обезбедува остварување на права од задолжителното здравствено осигурување на осигурените лица, се грижи за законито остварување на нивните права и им пружа стручна помош при остварувањата на нивните права и интереси;
  • ги плаќа здравствените услуги за осигурените лица на здравствените установи кои ги обезбедуваат здравствените услуги;
  • ги плаќа надоместоците на плати и други парични надоместоци;
  • ги утврдува цените на здравствените услуги од задолжителното здравствено осигурување, на кои министерот за здравство дава согласност;
  • ги утврдува референтните цени за лековите, медицинските помагала, опремата, протезите, ортопедски и други помагала и потрошните материјали кои се користат во здравствената заштита на осигурените лица што Фондот ги надоместува, на кој министерот за здравство дава согласност;
  • договара обезбедување на здравствени услуги на осигурените лица со здравствените установи, според нормативи и стандарди засновани врз усвоена медицинска доктрина за ефикасна и рационална здравствена заштита;
  • развива сопствен информативен систем со потребни податоци за задолжителното здравствено осигурување;
  • ги спроведува меѓународните договори во делот на задолжителното здравствено осигурување;
  • врши увид и контрола на договорениот обем и вид на обезбедени здравствени услуги на осигурените лица во здравствњените установи;
  • презема мерки за ефикасно, делотворно и економично користење на средствата од задолжителното здравствено осигурување;
  • одлучува за правата од задолжителното здравствено осигурување во прв степен и
  • врши и други работи во врска со правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување.

Управување

уреди

Управен одбор

уреди

Со Фондот управува Управен одбор. Тој се состои од 7 члена кои ги именува Владата на Република Македонија за време од четири години и тоа:

Управниот одбор има претседател и заменик на претседателот од именуваните претставници од Министерството за здравство и Министерството за финансии кои наизменично по една година се менуваат во текот на мандатот.

За членови на Управниот одбор се предлагаат лица кои имаат високо образование и работно искуство од финансиското работење или од системот и организацијата на здравствената заштита и здравственото осигурување, при што да се води сметка за соодветната и правичната застапеност на граѓаните на сите заедници.

Директори

уреди

Работоводниот орган на Фондот се состои од два директори, кои се подеднакво одговорни за работењето на Фондот и за обврските што се преземаат во правниот промет. Директорите на Фондот го именува Владата на Република Македонија, на предлог на министерот за здравство.

Подрачни служби

уреди

Фондот има вкупно 30 подрачни служби, односно скоро во секој град во Македонија.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Службен весник на РМ, бр.84/2000
  2. 2,0 2,1 „Историјат на ФЗО“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-12-27.
  3. „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2021 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. ноември 2022. Посетено на 5 февруари 2024.
  4. „Поголем буџет за нови методи, лекови и зголемен обем на здравствени услуги“ (PDF). ФЗОМ. 2017-01-04. Посетено на 2017-01-05.
  5. Службен весник на РМ", бр. 92/2000
  6. Амандман 64 од поранешниот Устав
  7. „Сашо Стефановски нов директор на ФЗОМ“. Дневник. 1 април 2015. Архивирано од изворникот на 2015-04-04. Посетено на 1 април 2015.

Надворешни врски

уреди