Милован Матиќ, роден на 12 мај во 1963 година, во Александровац Жупски. Математичката гимназија ја завршил во Белград, а после тоа студирал теориска физика на Природно-математичкиот факултет на Универзитетот во Белград.

Во текот на школувањето, постојано бил магепсан од животот и делото на Никола Тесла, за кој објавил многу студии, фељтони и други дела. Во 1989 година ја објавува книгата „Теслиното пророштво“. Бил стручен соработник на снимањето на научно-документарната ТВ серија „Никола Тесла“ на ТВ Белград во 1990, а во 1993 година бил соработник на изложбата за Никола Тесла во Галеријата на САНУ. Во 2006 година ја објавил книга „Тесла: својатања, потекло, политички игри, отворени прашања“ од 203 страни, издание на Сојуз на пронаоѓачи на Војводина, Нови Сад, ISBN 86-908567-0-6 („Тесла: својатања, порекло, политичке игре, отворена питања“ на 203 стране, изд. Савез проналазача Војводине, Нови Сад, ISBN 86-908567-0-6.). Живее во Ботуња.

Надворешни врски уреди

Наводи уреди