Миле Хаџи Василев
Проф. д-р Миле Хаџивасилев е роден на 7 август 1922 година во Кочани. Основното образование го завршил во Кочани, гимназија во Скопје (1941), а Правен факултет во Белград (1962). Докторирал на Правниот факултет во Скопје на 4 декември 1959 година. Од 1954 година до пензионирањето е на работа на Правниот факултет, започнувајќи како асистент, па сè до редовен професор, во кое звање е избран 1971 година.
Миле Хаџивасилев починал на 16 јули 2010 година во Скопје.[1]
Функции на факултетот
уредиНа Факулетот и на Универзитетот, меѓу другото, проф. д-р Миле Хаџи Василев ги вршел следните функции: продекан и декан, претседател на Советот на Факултетот и на Советот на Факултетот за правни и политички науки, како и член на Универзитетскиот совет.
Освен со педагошка работа, се занимавал и со публицистичка и научна дејност. Бил главен и одговорен уредник на „Народен глас“, орган на Окружниот одбор на НФ - Штип (1946), како и главен и одговорен уредник на списанието „Социјална политика“, и член на Редакцијата на списанието „Правна мисла“.
Учествувал во организираната од Факултетот научноистражувачка работа врз следните теми: Правната положба на мелиоративниот систем на СРМ, Македонски терминолошки речник на политичките и правните науки и Природните катастрофи и граѓанското право.
Учествувал и на многубројни советувања и симпозиуми во земјата и во странство, а во рамките на меѓуфакултетската соработка престојувал во СССР, Чехословачка, Бугарија, Австрија, Франција, Полска и Албанија. Објавил поголем број стручни и научни трудови од областа на 13семејното и наследното право, и учествувал во изготвувањето на одделни закони, било како член на комисија или како стручен за соодветната област (при изготвувањето на законите од областа на семејното право, како и при уредувањето на вонпроцесните постапки).
Добитник е на наградата „13 Ноември“, од областа на науката.
Објавени трудови
уредиПроф. Миле Хаџи Василев досега има објавено многубројни трудови: учебници, монографии, научни и стручни статии од областа на семејното и наследното право, од кои позначајни се следните:
- Вонпарнична постапка (колективен труд), Скопје, 1965.
- Семејно право во СФРЈ, Скопје, 1977, 1980.
- Наследно право, учебник, Скопје, 1983.
- Придонес за судската практика во изградбата на нашиот наследно-правен систем, Скопје,1958.
- Резултати анкете спроведене 1967/68 године о питањима из области породичног права, књига I, II и III, Београд, 1969.
- Писање штампе у периоду јули-децембар 1967 године: поводом спровођење анкете по питању кодификације породичног права, Беорад, 1969.
- Брачна зрелост и малолетство како брачна пречка; предавања одржавни на Постдипломските студии по граѓанско право во 1967/70 година. Скопје, 1970.
- Свршувачката и нејзините правни последици, предавања одржани на Постдипломските студии по граѓанско право за 1969/70 година, Скопје, 1970.
- Социјалните појави и проблеми на Скопје, (колективен труд), Скопје, 1972.
- Библијата за бракот и семејството, Скопје, 1998.
- Брачното и семејното обичајно право на македонскиот народ, Скопје, 2000.
- Етнографијата на Македонија, Скопје: МАНУ.
- Терминолошки речник. - прилози од областа на семејството, Скопје: МАНУ, 1998/99.