Миле Петровски ( 1926 во Скопје13 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Миле Петровски
Роден 1926 година
Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 13 ноември 1944(1944-11-13) (возр. 17–18)
Скопје, Македонија

Животопис

уреди

Произлегува од многу сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа работел во противпожарната чета во Скопје. Од 1944 година организирано работел за целите на НОВ. Бил член на ударните групи во градот. Собирал податоци за окупаторските сили и ги испраќал на народноослободителните бригади. Собирал исто така оружје, муниција и други материјали. Учествувал во префрлувањето на шест руски заробеници од градот во Дванаесеттата македонска ударна бригада. Во есента 1944 година и самиот стапил во редовите на Дванаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во борбите против балистите на Водно и покрај реката Треска. На 13 ноември 1944 година учествувал и во борбите за ослободувањето на Скопје. Храбро загинал при заземањето на укрепеното училиште „Гоце Делчев“, каде била заробени поголема група германски војници.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 232–233. На |first= му недостасува |last= (help)