Миле Лукиќ - Лука ( 1921 во — 1944 во Козјак, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Се доселил во Скопје и работел како бравар во рудникот Радуша, каде се вклучил во Народноослободителното движење. Летото 1943 година се вклучил во Шарпланинскиот партизански одред. Со одредот заминал за Западна Македонија, каде се формирала Првата македонска ударна бригада. Подоцна се префрлил на Козјак и по задача му пристапил на баталјонот „Орце Николов“. Како искусен и изразито храбар борец, бил поставен за командир на вод. Учествувал во повеќе борби против окупаторските единици, во кои редовно се истакнувал. Во април 1944 година храбро загинал во една борба против бугарските фашистички единици на Козјак.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 85–86. На |first= му недостасува |last= (help)