Милан Генов
Милан Арсов Генов (Злетово, 1877 - Скопје, 1928) — македонски фармацевт[1].
Животопис
уредиГенов е роден во Злетово во 1877 година. Дипломирал фармација на Медицинскиот факултет во Цариград во 1900 година и ја отворил една од првите стручни аптеки во Скопје со амбулаторија за лекарски прегледи и преврски на ранети четници. Често бил затворан од турската власт[2] 1. Генов зборувал јазик, бугарски, турски јазик и го владеел арапското писмо. Токму затоа тој успешно се занимавал со аптекарска и трговска дејност, воспоставувајќи деловни врски со странски држави. Во серијата убиства на интелектуалци, тој бил убиен во својата аптека од месните власти. Според архивската граѓа за аптекарот Генов, погребот бил свечен, со присуство на илјадници луѓе од Скопје и Македонија. Немајќи деца што би го наследеле по смртта, сопругата на Милан го распродала имотот, дел оставила во наследство на својата сестра и внук по нејзината смрт, а аптеката постоела до 1941 година[3].
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија. I (прво. изд.). Скопје: МАНУ. стр. 343. ISBN 978-608-203-024-1.
- ↑ Архив на Македонија,Фонд 725. Аптекари Генови,кут.1,кн.
- ↑ Архив на Македонија, Фонд 725. Аптекари Генови, кут.3, кн.11
Надворешни врски
уреди- Аптекари Архивирано на 26 декември 2009 г. - Подробна историја на работата на Генов