Микола Хорбал
Микола Андријович Хорбал бил роден на 10 септември 1940 година) тој исто така бил поранешен украински советски дисидент, активист за човекови права, политичар и поет кој бил член на украинската Хелсиншка група, а подоцна и народен заменик на Украина.
Микола Хорбал Микола Хорбал | |
---|---|
Хорбал во 2015 | |
Народен заменик на Украина | |
На должноста 11 Мај 1994 – 12 Мај 1998 | |
Претходник | Катерина Задавска |
Наследник | Укината изборна единица |
Изборна единица | Регионот Тернопил, No. 359 |
Лични податоци | |
Роден(а) | 10 септември 1940 Воловиец, Полска |
Партија | Независен |
Установа | Васил Стефаник Прекарпатски национален универзитет |
Познат(а) по | активизам за човекови права со учество во Украинската Хелсиншка група |
Награди | Орден за храброст, 1-ви клас (Украина)ːОрден за заслуги 3-ри клас на Украина |
Ран живот
уредиМикола Хорбал е роден на 10 септември 1940 година, во селото Воловиец во регионот Лемкившчина, тогаш администриран како дел од Генералната влада (кога Полска била окупирана од Германија), сега во округот Горлице, Полска. Во 1947 година, неговото семејство било преместено во Украина и тие се населиле во селото Летјаче (Тернопилска област).
Од 1963 до 1970 година, Хорбал работел како професор по музика. Во овој период тој за првпат почнал да пишува поезија.
Осуден
уредиНа 24 ноември 1970 година, Хорбал бил уапсен од КГБ и обвинет за антисоветска агитација и пропаганда. Тој бил осуден е на 5 години затвор и на 2 години егзил во Сибир.[1]
По ослободувањето од затвор и враќањето во Украина, Хорбал се населил во Киев, каде што се приклучил на украинската Хелсиншка група која била формирана во 1976 година. Сите членови на групата биле уапсени, а на 23 октомври 1979 година, Хорбал бил повторно уапсен и осуден на 5 години тешка работа.[1]
Во 1984 година, откако ја завршил 5-годишната казнат, Хорбал не бил ослободен од затвор, туку веднаш бил осуден на уште една казна од 8 години тешка работа и 3 години егзил. Сепак, оваа казна му била укината во 1988 година за време на Перестројката.
Политичка кариера
уредиПо ослободувањето, Хорбал веднаш станал активен во украинската политика. Тој служел како претставник во Градскиот совет на Киев од 1990 до 1994 година.
Хорбал работел и како народен заменик на Украина од 1994 до 1998 година. На украинските парламентарни избори во 1994 година тој бил избран за независен кандидат.[2] Тој се обидел да го задржи своето место на украинските парламентарни избори во 1998 година како кандидат на Републиканската христијанска партија, но не успеал во тоа.[2] Самата Републиканска христијанска партија добила 0,54 отсто од вкупните гласови и немала воопшто пратенички места.
Делата на Хорбал првпат биле објавени надвор од Украина. Првата збирка од неговите дела е објавена во САД во 1983 година. Неговата прва збирка била насловена „Детали за бучен будилник“ а втората публикација била поезија за деца, збирка со наслов „Песна за малиот Андреј“.
Во 1986 година, збирката од неговата поезија била преведена на германски и објавена во збирката „Овде се чека крајот“.
Во 1992 година, Хорбал ја добил престижната награда Васил Стус за поезија.[1]
Државни награди
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Українська Гельсінська спілка з прав людини. helsinki.org.ua (украински). Посетено на 2019-06-06.
- ↑ 2,0 2,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеpolitician76837
. - ↑ Decree of the President of Ukraine from 8 листопада 2006 year № 937/2006 «Про відзначення державними нагородами України засновників та активістів Української Громадської Групи сприяння виконанню Гельсінкських угод» (на украински)
- ↑ Decree of the President of Ukraine from 26 листопада 2005 year № 1653/2005 «Про відзначення державними нагородами України колишніх політичних в'язнів і репресованих» (на украински)