Мигел Кортереал (португалски: Miguel Corte-Real) бил португалски морепловец и истражувач. Жоао Ваз Кортереал бил неговиот татко, а Гаспар Кортереал брат.

Црква на Пресвета Богородица од Гуја - Жоао Ваз Корте Реал

Го истражувал Гренланд во 1499 година. Со брат му Гаспар учествувал во експедиција од 1501, кога помеѓу останатото, картирале 600 км брег на Лабрадор. Од таа експедиција Мигел се вратил дома, но не и Гаспар, кој го продолжил истражувањето и исчезнал. Во потрага по братот во 1502 година, Мигел Кортереал исто така исчезнал. Единствениот преживеан брат Васко Кортереал, сакал да ги бара и двајцата, но португалскиот крал ја забранил експедицијата.