Timatic
Timatic — база на податоци која содржи информации за патниците кои патуваат од една до друга држава. Базата ја користат авиокомпаниите за да одлучат дали патникот може да биде пренесен од точка А до точка Б, а исто така и од туристичките агенции. Ова е важен процес за авиокомпаниите бидејќи поради казните што ги плаќаат авиокомпаниите поради транспортирање на патник кој ги нема потребните документи за влез во бараната држава.
Информациите кои ги содржи базата со податоци покрива:
1. Патнички препораки и потреби
2. Потребни документи за добивање на виза
3. Потребни здравствени услови
4. Аеродромски такси кои треба да ги плати патникот
5. Регулации кои му овозможуваат на патникот пренос на стоки и миленичиња
6. Регулации за определување на дозволениот број на девизи пренесени до бараното одредиште
Timatic беше воведена во 1963 година и е управувана од IATA. Преку 60 милиони патници се проверуваат во базата со податоци секоја година.
Базата е достапна во неколку формати:
1. Timatic - достапна преку SITA мрежата
2. TIM - Книга
3. TimaticWeb - Веб заснован формат
4. Timatic XML
5. Портал за патниците
Надворешни врскиУреди
- Онлајн база Timatic Архивирано на 11 август 2021 г.
- IATA информации за Timatic Архивирано на 12 март 2010 г.
- Портал за корисниците на Timatic Архивирано на 10 март 2019 г.
- Напис во врска со Timatic Архивирано на 7 април 2006 г.