„Месарот“ (француски: Le Boucher) – филм на режисерот Клод Шаброл (Claude Chabrol) од 1970 година. Шаброл е автор на сценариото а главните улоги ги играат: Стефан Одран (Stéphane Audran), Жан Јан (Jean Yanne), Антонио Пасалија (Antonio Passalia), Вилијам Геро (William Guerault), Пасквале Фероне (Pasquale Ferone) и Марио Бекара (Mario Beccara). „Месарот е еден од најпознатите криминалистички филмови на Шаброл, кој се надоврзува на ремек-делата на Алфред Хичкок и Фриц Ланг. Станува збор за повеќеслоен филм за злосторствата на еден психопат кој низ целиот филм е исклучително добар кон луѓето од својата околина. Притоа, паралелата меѓу потиснатите емоции на учителката и притаениот монструм е засилена со нејзините разговори со учениците за праисториските луѓе, како и со неговите сеќавања на стравотиите од војната во Индокина во која учествувал и тој. За својата одлична улога, Одран (тогашната сопруга на Шаброл) ја освоила главната награда на филмскиот фестивал во Сан Себастијан.[1]

Синопсис

уреди

Убавата Елен (ја игра Одран) доаѓа од Париз во едно село за да работи како учителка. Таа се зближува со месарот Попол (го игра Јан), иако тој не делува како соодветно друштво за неа. Со текот на времето, нивното пријателство се развива при што двајцата откриваат дека имаат многу заеднички страни, првенствено во поглед на лошите доживувања во минатото. Еден ден, селото е потресено од веста за суровото убиство на една девојка, а потоа убиствата продолжуваат и понатаму. Елен полека почнува да се сомнева дека убиецот се наоѓа во нејзината близина...

Наводи

уреди