Менка Алексоска Крстева (16 февруари 1916 во Кичево — ) — учесник во НОВ на Македонија, носител на Партизанска споменица 1941.[1]

Животопис

уреди

Со почетокот на вооруженото востание, во нејзиниот дом се одржувале состаноци на Месниот Комитет на КПЈ, односно КПМ - Кичево. Ангажирано работела со жените од градот и поблиските села. Чувала иллегалци, познати раководители на НОВ и ПОМ во Македонија, за кои подготвувала храна, топла облека и им била врска со Месниот Комитет во градот или на теренот. Во нејзиниот дом била сместена и партиската техника и работела на умножување на илегалниот материјал и неговото разнесување по одредените пунктови во градот и селата. Учествувала и во подготовките за формирање на партизанскиот одред „Козјак” за која цел во пролетта 1943 година заминала во партизанската база кај селото Душегубица.[1]

 
Менка Крстева е носител на Партизанската споменица 1941.

Била често пати апсена од италијанските карабинери (во јули 1943 година; септември-октомври 1943; во 1944). Во затворот имала инзвонредно држење и бидејќи немало конкретни докази, полицијата била принудена да ја ослободи без да и суди. Во октомври 1944 година била избрана за член на Околискиот одбор на АФЖ, и работела на организирањето селски одбори на АФЖ во Кичевско. Носител е на Партизанска споменица 1941 и повеќе одликувања.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 971.