Менемени

населба во Солун
(Пренасочено од Менемен)

Менемени (грчки: Μενεμένη), постаро име: Нов Менемен (Νέα Μαινεμένη, Неја Менемени) — населба западниот дел на Солун, Егејска Македонија и седиште на општината Амбелокипи-Менемени. Населението брои 14.297 жители (2021).

Менемени
Μενεμένη
Менемени is located in Грција
Менемени
Менемени
Местоположба во областа
[[file:Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Егејска Македонија Амбелокипи-Менемени" does not exist|240px|Менемени во рамките на Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Егејска Македонија Амбелокипи-Менемени" does not exist]]
Менемени
Местоположба на Менемени во општината Амбелокипи-Менемени и областа Централна Македонија
Координати: 40°39.15′N 22°54.40′E / 40.65250° СГШ; 22.90667° ИГД / 40.65250; 22.90667
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолун
ОпштинаАмбелокипи-Менемени
Општ. единицаМенемени
Надм. вис.&100000000000000070000007 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно14.297
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Историја

уреди

Населбата е основана во 1922 г. кога тука биле доведени околу 160 грчки семејства од истоименото село Менемени во Мала Азија (денес Менемен). На пописот од 1928 г. Менемени се состоело од 114 семејства со вкупно 496 жители, сите грчки доселеници.[2] Истата година почнала изградбата на црквата „Св. Петка“ со облик на куполна трикорабна базилика, наречена по истоимената црква во старото село Менемени во Турција. Првите жители се занимавале исклучиво со земјоделство, но потоа почнале да се занимаваат и лозарство и сточарство. Денес многумина имаат градски занимања.

Со владина наредба во 1934 г. кон Менемени се приклучени новооснованите доселенички населби Ново Арманќој и Нов Босфор. Така зголемена, во 1940 г. населбата е заведена со 2.571 жител.[2] По Втората светска војна населението доживеало голем пораст поради близината на Солун.

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 2571 3.615 4.995 8.352 12.141 12.932 14.910 14.746 14.297
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости

уреди
  • „Св. Хрисостом Сирин“ — споменик посветен на т.н. Малоазиска катастрофа до црквата „Св. Петка“
  • Споменик на паднатите борци на плоштадот „Св. Нектариј“
  • Индиски гробишта на Антантата, каде се погребани војници од Индија регрутирани од Британците во Првата светска војна

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 334. ISBN 9989-9819-6-5.

Надворешни врски

уреди