4chan (се чита: Форчан, јапонски: 四葉) — анонимна англиска веб-страница за прикачување и гледање слики, како и семрежен форум. 4chan е создаден под влијание на јапонскиот Futaba Channel.[2][3] Во мигов, тој го надминал Futaba Channel во однос на раздвиженоста и популарноста и е најголемата страница за прикачување слики во светот.[4]

4chan
Почетната страница на 3 мај 2023 г.
Вид место
сликовница
Достапно наанглиски
СопственикХиројуки Нишимура
СоздавачКристофер Пул
Адреса
Комерцијалнода
Зачленувањенема (освен за вработените)
Пуштено1 октомври 2003 г.[1]

Форчан бил откриен на 1 октомври 2003 г. од Кристофер Пул, познат како „moot“. Првично, во голема мера ги подражавал јапонските страници за прикачување слики, особено Futaba Channel (или 2chan). Првите делови биле создадени за објавување слики и разговарање за манга и аниме. Но популарноста на страницата брзо пораснала, а разговорните теми се прошириле, па се појавиле делови посветени на видеоигри, музика, книжевност, политика, фитнес и спорт.

Веб-страницата често се поврзува и со бројни семрежни субкултури и активизам како „Анонимус“ и популаризирање и создавање на мемови. 4chan е исто така главно место за организирање и извршување на пакости, преплавување разговорни соби и онлајн игри, како и масовни семрежни напади.

Наводи

уреди
  1. moot (October 1, 2003). „Welcome“. 4chan. Посетено на August 2, 2008.
  2. Danny O'Brien (2008-05-02). „Tuning into innovation outside the confines of English-speaking web“ (англиски). Irish Times. Архивирано од изворникот на 2012-02-26. Посетено на 2009-01-17. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  3. „FAQ – What is 4chan?“ (англиски). 4chan. Архивирано од изворникот на 2012-02-26. Посетено на 2008-07-15.
  4. „Alexa traffic rank“ (англиски). Alexa. Архивирано од изворникот на 2012-02-26. Посетено на 2008-05-01.

Надворешни врски

уреди