Мелетиј IV Цариградски
Мелетиј IV Цариградски (21 септември 1871 – 28 јули 1935) — александриски патријарх со епископско име Мелетиј II од 1926 до 1935 година.[1]
Тој бил митрополит во Грчката православна црква во Атина (1918–20), по што бил избран за Вселенски патријарх под името Мелетиј IV од 1921 до 1923.[2] Тој служел како алексанрсики патријарх од 1926 до 1935 година.
Тој бил единствениот православен хиерарх во историјата да служи последователно како највисоко црковно лице во три автокефални цркви.
Познат поддржувач на грчкиот премиер Елефтериос Венизелос, тој служел како епископ на Кипар, сè до моментот кога бил избран за архиепископ атински по повлекувањето од престолот на Константин I Грчки, заменувајќи го архиепископот Теоклет I, познат ројалист. Две години подоцна, Константин се вратил на престолот и архиепископот Мелетиј бил расчинет, а претходниот архиепископ Теоклет I бил повторно поставен за архиепископ. Во 1921 година тој бил избран за Вселенски патријарх. Тој се повлекол по поразот на грчката армија во грчко турски војни.
Неколку години подоцна бил избран за Папа и патријарх на Александрија. Починал во 1935 година.
Наводи
уреди- ↑ „Meletios II Metaxakis (1926–1935)“. Official web site of the Greek Orthodox Patriarchate of Alexandria and All Africa. Посетено на 2011-02-07.
- ↑ „List of Patriarchs“. Official web site of the Ecumenical Patriarchate of Constantinople. Архивирано од изворникот на 2011-05-20. Посетено на 2011-02-07.
Надворешни врски
уреди- List of the members of the Freemason Grand Lodge of Greece including Patriarch Meletius IV of Constantinople
- Patriarch Meletius IV of Constantinople, OrthodoxWiki entry
Духовни титули | ||
---|---|---|
Претходник Теоклет I |
Митрополит атински и цела Грција како Мелетиј III 1918–1920 |
Наследник Теоклет I |
Незаземено Последен владетел Герман V
|
Вселенски патријарх како Мелетиј IV 1921–1923 |
Наследник Григориј VII |
Претходник Фотиј |
Александриски патријарх како Мелетиј II 1926–1935 |
Наследник Никола V |