Пренос (телекомуникации)

Пренос или трансмисија во телекомуникациите – процес на испраќање и распростирање на аналогни и дигитални информациски сигнали преку физички медиум од точка до точка или од точка до повеќе точки. Медиумот може да биде жичен, оптички или безжичен.[1][2]

Антена за пренос на радиосигнали

Еден пример за пренос е испраќање на сигнал со ограничено времетраење, на пример, блок или пакет на податоци, телефонски повик или е-пошта. Вообичаено преносните технологии и шеми се однесуваат на задачи од протоколот на физичкото ниво, како што се модулација, демодулација, линиско кодирање, порамнување (еквализација), контрола на грешки, синхронизација на битови и мултиплексирање, но терминот исто така може да вклучи и повисоки нивоа на протоколот, на пример, дигитализирање на аналоген сигнал и компресија на податоци.

Преносот на дигитална порака или дигитализиран аналоген сигнал е познат како дигитална комуникација.

Наводи

уреди
  1. „Telecommunications Technology Fundamentals“. informit.com. 28 December 2001.
  2. „Telecommunications Media“. britannica.com. 21 January 2014.