Махир Доми
Махир Доми (1915–2000) бил албански лингвист, професор и академик. Бил еден од организаторите и главните учесници на Конгресот на албанскиот правопис[1] и член на комисијата за следење одговорна за примена на правописните правила на стандардниот албански јазик.[2][3]
Махир Доми | |
---|---|
Роден(а) | март 12, 1915 Елбасан, Албанија |
Починал(а) | октомври 19, 2000 Тирана, Албанија | (возр. 85)
Националност | Албански |
Занимање | Лингвист, академик |
Биографија
уредиДоми бил роден во Елбасан, Албанија на 12 март 1915 година. Тој гимназиските студии ги започнал во тамошното Норманско училиште, а ги завршил во Францускиот ликеј во Корча во 1937 година. Потоа се регистрирал на Универзитетот во Гренобл во Франција, каде дипломирал класична филологија во 1941 година. Во истата година почнал да предава во Нормалната школа во Елбасан, а подоцна станал нејзин директор. Од 1947 година почнал да работи во Институтот за науки (ран претходник на Албанската академија на науките) и предавач на Високиот педагошки институт во Тирана. Доми учествувал како коуредник во речник на албански јазик (албански: Fjalori i gjuhës shqipe) во 1954 г. Со основањето на Универзитетот во Тирана (УТ), Доми бил одговорен за катедрата на албански јазик (од 1957 до 1962), а исто така и за одделот за граматика и дијалектологија на Институтот за јазик и литература (албански: Instituti i Gjuhësisë dhe i Letërsisë) во текот на 1957–1991 г. Ги предавал предметите „Синтакса на албанскиот јазик“, „Историска морфологија на албанскиот јазик“ и „Историја на албанологија“. Доми бил еден од основачите на Академијата на науките и бил член на нејзиниот президиум.[4]
Научната дејност на Доми опфаќала многу области од филологијата: граматика (синтакса и морфологија), историја на јазикот, историја на албанологијата, дијалектологија и ономастика, нормативна лингвистика, јазична култура, научна критика, историја на литературата итн. картотеката на граматиката и значајното дело Граматиката на албанскиот јазик, во два тома; и тој бил нејзин главен уредник и коавтор и уредник на вториот том (Синтакса). Ги изработил академските учебници Историска морфологија на албанскиот јазик од 1961 година, Синтакса на албанскиот јазик, I дел во 1968 година и дел II во 1969 година. Придонел исто така и со серија научни написи и истражувања на општи теми од албанската синтакса и нејзиниот структурен развој. Во областа на историјата на литературата, пишувал статии и истражувања за потеклото на албанскиот јазик, неговата поврзаност со другите балкански јазици, особено со романскиот, односно илирски и албански префикси, кореспонденции, и паралелизми во 1974, Размислувања за заедничките карактеристики на албанскиот јазик со другите балкански јазици и нивно проучување во 1975, Над некои албанско-романски кореспонденции и паралелизми во 1977 година, Проблеми на историјата на формирањето на албанскиот јазик, достигнувања и задачи од 1982.[4]
Како еден од главните личности во лингвистиката, тој бил член на комисијата која била одговорна за стандардизирање на албанскиот правопис, во 1956 и 1967 г., бил коорганизатор и учесник на конгресот за правописот од ноември 1972 година, бил член на натамошната комисија за распоредување на новите правописни правила како и коавтор на Правописот на албанскиот јазик од 1973 г., Правописен речник од 1976 година, Правилата за интерпункција во албанскиот јазик 1981 г. (друго издание во 2002 година).[4]
Доми учествувал во многу комисии кои изготвувале речници на терминологии од различни области, меѓу другите Речник на лингвистичките термини од 1975 година. Бил организатор и главен соработник во работата што резултирало со објавување на Дијалектички атлас на албанскиот јазик, албанска дијалектика, двете дела од големо значење. Бил и иницијатор на собирањето на ономастичкиот материјал, коавтор на прашалникот за збирката топонимија и написите за нив.[4]
Исто така, тој ја проучувал и старата албанска литература напишана со арапска азбука и придонел за литературниот дел во главното дело Историја на албанската книжевност, кн. I од 1959 година, издаден од Универзитетот во Тирана, и служел како уредник на вториот том од 1983 година објавен од Академијата на науките на Албанија. Како рецензија, Доми придонел во развојот на културата на научната критика во Албанија.[4]
Наводи
уреди- ↑ Kastriot Myftaraj (2012), Biografia e fshehur e delegatëve të Kongresit të Drejtshkrimit të vitit 1972 (албански), Telegraf, стр. 10–11, Архивирано од изворникот на 12 July 2013 Занемарен непознатиот параметар
|trans_title=
(help) - ↑ Jani Thomaj (1974), „Drejshkrimi i gjuhes shqipe“, Ylli, Labour Youth Union of Albania (5): 23, ISSN 0513-5486, OCLC 5436004 Занемарен непознатиот параметар
|trans_title=
(help) - ↑ Leonard Newmark; Philip Hubbard; Peter R. Prifti (1982). Standard Albanian: a reference grammar for students. Stanford University Press. стр. 5. ISBN 978-0-8047-1129-6.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Academic Mahir Domi – Albanian Academy of Sciences (in Albanian)