Ернан Матијас Арсенио Конча (31 март 1980) бил поранешен професионален шведски фудбалер кој играл на позицијата дефанзивец или одбранбен играч. Тој ја започнал својата кариера во тимот Малме ФФ, а потоа настапувал за Ѓургарден ИФ и германскиот ВфЛ Бохум пред да се врати во ФФ Малме во 2012 година.

Матиас Конча игра за Малме ФФ во 2013 година

За репрезентацијата на Шведска одиграл вкупно 8 натпревари.

Клупска кариера уреди

Репрезентацијата на Шведска уреди

Конча е роден во градот Малме, каде што ја започнал својата кариера во младинскиот тим Куладал ФФ, а подоцна потпишал за фудбалскиот гигант од неговиот град за тимот на Малме ФФ. Во 2004 година, се преселил во Стокхолм односно во тимот на Ѓургарден ИФ, откако добивал се помалку минутажа во тимот ФФ Малме. Тој брзо се наметнал како стартер во екипата на Ѓургарден и бил дел од тимот кој го освоил првенството во 2005 година, како и победник во шведскиот куп и тоа во 2004 и 2005 година. Одиграл 76 натпревари, а постигнал два гола во тимот на Ѓургарден ИФ.

ВфЛ Бохум уреди

На 20 јуни 2007 година, било објавено дека Конча ќе му се приклучи на германскиот фудбалски клуб ВфЛ Бохум и тоа за сезоната 2007–08. Тој потпишал четиригодишен договор со тимот кој завршил на осмото место во претходната сезона. Конча го напуштил тимот на Бохум по сезоната 2011-12.

Малме ФФ уреди

На 30 јули 2012 година, ФФ Малме објавил дека потпишале договор со Конча на две и пол години. Тој кога се вратил продолжил да игра со дресот број 23, симболизирајќи ги неговите години кога за првпат го напуштил тимот на Малме.[1] Конча по враќањето го одиграл својот прв натпревар за клубот на 16 август 2012 година и тоа вкупно 64 минути во пријателскиот натпревар против италијанскиот клуб од Рим, Лацио.[2] Во сезоната 2012 одиграл 2 лигашки натпревари за ФФ Малме. Конча подоцна, во сезоната 2013, го земал дресот со број 2. Нему му била дадена голема минутажа на почетокот на сезоната, но по враќањето на Миико Алборноз во тимот Конча го загубил местото во стартните единаесет до крајот на целата сезона. Таа сезона одиграл вкупно седум лигашки натпревари за клубот. Конча и во наредната 2014 година добивал ограничена минутажа во првиот тим. Тогаш одиграл само 8 натпревари во лигашкиот дел и 3 натпревари во натпреварите од Лигата на шампионите на УЕФА 2014-15. Конча ја објавил својата одлука да се повлече од професионалниот фудбал по сезоната 2014, и тоа точно на 30 октомври 2014 година.[3]

Меѓународна кариера уреди

Конча го имал својот прв настап за фудбалската репрезентација на Шведска на 23 јануари 2006 година против тимот на Јордан.[4] Забележал два настапа за тимот на Шведска за време на квалификациските натпревари за УЕФА Евро 2008, но на завршниот турнир во Швајцарија и Австрија ниту еднаш не влегол во игра.[4]

Тој го одиграл својот 8-ми, а воедно и последен натпревар за Шведска на пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Турција на 6ти февруари 2008 година.[4]

Статистика во кариерата уреди

Клупска статистика уреди

Сооднос на одиграни натпревари, постигнати голови по различни клубови, сезони и натпревари
Клуб Сезона Лигашки натпревари Натпревари од Куп Континентални натпревари Европски Вкупно[5]
Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови
Малме ФФ 2000 19 0 19 0
2001 6 0 6 0
2002 15 0 15 0
2003 18 0 4 0 22 0
Вкупно 58 0 4 0 62 0
Ѓургарден ИФ 2004 22 0 5 0 27 0
2005 23 0 2 0 25 0
2006 20 2 1 0 21 2
2007 11 0 11 0
Вкупно 76 2 8 0 84 2
ВлФ Бохум 2007–08 18 0 2 0 20 0
2008–09 15 0 0 0 15 0
2009–10 21 0 0 0 21 0
2010–11 10 0 0 0 10 0
2011–12 1 0 0 0 1 0
Вкупно 65 0 2 0 67 0
ВлФ Бохум II 2009–10 1 0 1 0
2011–12 1 0 1 0
Вкупно 2 0 2 0
Малме ФФ 2012 2 0 1 0 3 0
2013 7 0 4 0 0 0 11 0
2014 8 0 2 0 3 0 13 0
Вкупно 17 0 7 0 3 0 27 0
Вкупна кариера 218 2 9 0 15 0 242 2

Меѓународна статистика уреди

Настапи и голови во репрезентација на Шведска по година [5]
Репрезентација Година Настапи Голови
Шведска 2006 година 1 0
2007 година 6 0
2008 година 1 0
Вкупно 8 0

Наводи уреди

  1. „Malmö FF har gjort klart med Matias Concha“. mff.se (Swedish). Malmö FF. 30 July 2012. Архивирано од изворникот на 5 September 2012. Посетено на 30 July 2012.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. „MFF nära att klara lika“. sydsvenskan.se (Swedish). Sydsvenskan. 16 August 2012. Посетено на 17 August 2012.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  3. „Matias Concha slutar med fotboll“. mff.se (Swedish). Malmö FF. 30 October 2014. Архивирано од изворникот на 2 November 2014. Посетено на 30 October 2014.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  4. 4,0 4,1 4,2 „Matias Concha - Spelarstatistik - Svensk fotboll“. www.svenskfotboll.se. (шведски). Посетено на 25 September 2020.
  5. 5,0 5,1 „Matias Concha“. soccerway.com. Soccerway. Посетено на 13 January 2013.

 Надворешни врски уреди