Масовно пукањекривично дело во кое напаѓачот убива или повредува повеќе лица истовремено користејќи огнено оружје. Не постои широко прифатена определба за „масовно пукање“ и различни организации што следат такви случки користат различни определби. Определбите за масовни престрелки исклучуваат војување, а понекогаш исклучуваат случаи на насилство од банди, вооружени грабежи и семејни убиства.

Проучувањето на Њујорк тајмс покажува како исходите од активните напади со стрелец се менуваат во зависност од дејствијата на напаѓачот, полицијата (42 % од вкупните случки) и случајните минувачи (вклучувајќи го исходот „добро момче со пиштол“ во 5,1 % од вкупните случки).[1]

Во САД, Законот за истражна помош за насилни кривични дела од 2012 година го определува масовното пукање како три или повеќе убиства во една случка.[2] Извештајот на Конгресната служба за истражување од 2013 г. посочува четири или повеќе убиства на недискриминирачки жртви, истовремено исклучувајќи го насилството извршено како средство за постигнување цел, како што се грабеж или тероризам.[3] Медиумите како Си-ен-ен и некои истражувачки групи за насилство врз злосторства, како што е Архивата за огнено насилство, ги определуваат масовните пукања како „четири или повеќе погодени (повредени или убиени) во една случка, во исто време и на исто место, не вклучувајќи го и сторителот“.[4] Едно австралиско проучување од 2006 година посочува пет убиени лица.[5]

Поводот за масовни пукања што се случуваат на јавни места обично е тоа што тие се извршени од длабоко незадоволни поединци што бараат одмазда за неуспесите во училиштето, кариерата, љубовта или животот воопшто или што бараат слава или внимание[6] со најмалку 16 масовни пукања по крвопролевањето во Колумбајн, каде сторителите имале за повод слава или озлогласеност.[7] Барателите на слава со масовното пукање имале за цел да ги надминат „минатите рекорди“.[7]

Жртви и преживеани

уреди

По масовните пукања, некои преживеани пишувале за нивните искуства, или нивните искуства биле објавувани од новинарите. Еден преживеан од пукањето во црквата во Ноксвил, напишал за неговата реакција на други случки со масовни пукања.[8] Таткото на жртвата во масовното пукање во кино во Аурора, Колорадо, напишал дека бил сведок на други масовни пукања по загубата на неговиот син.[9] Преживеаните од нападите во Норвешка во 2011 година го раскажале своето искуство.[10] Покрај тоа, еден труд ги проучувал реакциите на шведските полицајци на масовното пукање.[11]

Вообичаено е преживеаните од масовно пукање да страдаат од посттрауматско стресно растројство[12][13] и од вина дека преживеале.[14]

Поводи

уреди

Масовните пукања може да бидат мотивирани од религиозен екстремизам, политички идеологии (на пр., неонацизам, тероризам, бел супрематизам), расизам, сексуална ориентација, мизогинија,[15] ментална болест,[16][17] и одмазда против малтретирањето,[18] меѓу другите причини.[19] Форензичкиот психолог Стивен Рос смета дека примарно објаснување за масовно пукање не е душевна болест, туку претеран гнев и идејата дека се работи за кауза.[20] Проучувањето, пак, на истражувачите од Универзитетот Вандербилт покажало дека „помалку од пет проценти од 120.000 убиства поврзани со оружје во САД меѓу 2001 и 2010 година биле извршени од луѓе на кои им била дијагностицирана душевна болест“.[21]

Одговори

уреди

Медиуми

уреди

Според некои прашање е дали вниманието на медиумите што се врти околу сторителите на масовните престрелки е фактор за предизвикување дополнителни случки.[22] Како одговор на ова, некои од органите за спроведување на законот одлучиле да не ги именуваат осомничените за масовно пукање во настани поврзани со медиумите за да избегнат да им дадат озлогласеност.[23]

Проучувани се дејствата од пораките што се користат при објавување на масовни пукања.[24]

Во 2015 година, бил објавен труд напишан од физичарот и статистичарот, Шери Тауерс, заедно со четворица колеги, кој докажал дека навистина постои зараза од масовно пукање со помош на математичко моделирање.[25] Меѓутоа, во 2017 година, Тауерс во интервју изјавил дека цензурата нема да го реши ова прашање.[26]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Buchanan, Larry; Leatherby, Lauren (22 June 2022). „Who Stops a 'Bad Guy With a Gun'?“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 22 June 2022. Data source: Advanced Law Enforcement Rapid Response Training Center
  2. „Text - H.R.2076 - 112th Congress (2011–2012): Investigative Assistance for Violent Crimes Act of 2012“. www.congress.gov. 14 January 2013. Архивирано од изворникот на 14 June 2021. Посетено на 14 June 2021.
  3. Bjelopera, Jerome P. (18 March 2013). „Public Mass Shootings in the United States: Selected Implications for Federal Public Health and Safety Policy“ (PDF). CRS Report for Congress. Congressional Research Service. Архивирано од изворникот (PDF) на 9 September 2013. Посетено на 8 December 2015. "There is no broadly agreed-to, specific conceptualization of this issue, so this report uses its own definition for public mass shootings."
  4. „General Methodology | Gun Violence Archive“. www.gunviolencearchive.org. Посетено на 7 January 2020.
  5. Chapman, S. (December 2006). „Australia's 1996 gun law reforms: faster falls in firearm deaths, firearm suicides, and a decade without mass shootings“. Injury Prevention. 12 (6): 365–72. doi:10.1136/ip.2006.013714. PMC 2704353. PMID 17170183.
  6. Lankford, Adam (1 March 2016). „Fame-seeking rampage shooters: Initial findings and empirical predictions“. Aggression and Violent Behavior (англиски). 27: 122–129. doi:10.1016/j.avb.2016.02.002. ISSN 1359-1789. Архивирано од изворникот на 25 July 2019. Посетено на 12 July 2022.
  7. 7,0 7,1 „Are the Media Making Mass Shootings Worse?“. 16 September 2022. Архивирано од изворникот на 13 October 2022. Посетено на 13 October 2022.
  8. Празен навод (help)
  9. Teves, Tom (31 July 2015). 'Something is very wrong in our society': Father of mass-shooting victim calls for an end to the carnage“. Salon. Архивирано од изворникот на 3 August 2015. Посетено на 12 August 2015.
  10. Празен навод (help)
  11. Karlsson, Ingemar. „Memories of traumatic events among swedish police officers“. Stockholm University. Архивирано од изворникот на 8 December 2015. Посетено на 11 August 2015.
  12. Simmons, Laura (29 June 2014). „Post Traumatic Stress Disorder in Mass Shooting Survivors“. Liberty Voice. Архивирано од изворникот на 21 November 2015. Посетено на 11 August 2015.
  13. „Impact of Mass Shootings on Individual Adjustment“ (PDF). ptsd.va.gov. National Center for PTSD. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 September 2015. Посетено на 11 August 2015.
  14. „PTSD: National Center for PTSD“. ptsd.va.gov. U.S. Department of Veteran Affairs. Посетено на 27 March 2023.
  15. De Freitas, Julian, and Mina Cikara. "Deep down my enemy is good: Thinking about the true self reduces intergroup bias." (2017)
  16. „High school students demand action on gun control following Parkland shooting – rabble.ca“. rabble.ca. 16 February 2018. Архивирано од изворникот на 25 June 2018. Посетено на 2 July 2018.
  17. Van Brunt, Brian, and W. Scott Lewis. "Costuming, misogyny, and objectification as risk factors in targeted violence." Violence and gender 1.1 (2014): 25–35.
  18. Rocque, Michael. "Exploring school rampage shootings: Research, theory, and policy." The Social Science Journal 49.3 (2012): 304–313.
  19. Празен навод (help)
  20. Campbell, Holly (2 December 2015). „Inside the mind of a mass murderer“. WANE.com. Архивирано од изворникот на 3 October 2017. Посетено на 10 December 2015.
  21. Wolf, Amy (11 December 2014). „Mental Illness is the wrong scapegoat after mass shootings“. Vanderbilt University. Архивирано од изворникот на 29 July 2015. Посетено на 12 August 2015.
  22. Birch, Jenna (27 July 2015). „Does Media Coverage After a Mass Shooting Do More Harm Than Good?“. Yahoo! News. Архивирано од изворникот на 16 August 2015. Посетено на 11 August 2015.
  23. Elinson, Zusha; Lazo, Alejandro (4 October 2015). „More Police Decide Against Naming Mass-Shooting Suspects“. Wall Street Journal. Архивирано од изворникот на 4 October 2015. Посетено на 5 October 2015.
  24. McGinty, Emma (1 May 2013). „Effects of News Media Messages About Mass Shootings on Attitudes Toward Persons With Serious Mental Illness and Public Support for Gun Control Policies“. American Journal of Psychiatry. 170 (5): 494–501. doi:10.1176/appi.ajp.2013.13010014. PMID 23511486.
  25. Towers, Sherry; Gomez-Lievano, Andres; Khan, Maryam; Mubayi, Anuj; Castillo-Chavez, Carlos (2 July 2015). Yukich, Joshua (уред.). „Contagion in Mass Killings and School Shootings“. PLOS One. 10 (7): e0117259. Bibcode:2015PLoSO..1017259T. doi:10.1371/journal.pone.0117259. PMC 4489652. PMID 26135941.
  26. Error on call to Template:Cite interview: Parameter subject (or last) must be specified