Масло на бакар
Сликањето со масло на бакар ― постапка на создавање уметнички дела со користење на маслени бои со бакар како подлога. Ова понекогаш се нарекува „бакар како платно“ бидејќи платното е најпознатиот површински материјал што е користено за слики во масло.
Историја
уредиСликите со масло на бакар биле распространети во средината на XVI век во Италија и Северна Европа.[1] Употребата на бакар како подлога за сликање во масло датира од средновековно време.[2] Фламанските мајстори и други уметници, вклучувајќи ги Јан Бројгел Постариот, Клод Моне, Ел Греко, Гвидо Рени, Гверчино, Рембрант, Карло Сарачени, Амбросиус Бошерт II, Копли Филдинг и Верне насликани на бакар. Тие го претпочитале бакарот поради неговата мазна површина што овозможувал фини детали и неговата издржливост. Бакарот е поиздржлив од платното или дрвениот панел како потпора за бојадисување во масло, бидејќи нема да скапува, мувла или да го јадат инсекти. Современите сликари, исто така, користат бакар како основа за слики, некои од нив дозволуваат металот или патината да се покажат.[3][4][5][6]
Постапка
уредиСтарите мајстори го подготвувале бакарот за боење најпрво со триење со фин пемзен абразив. Површината на бакар потоа била третирана со сок од лук за кој се верува дека ја подобрува адхезијата на бојата. Конечно, како прв слој бил нанесуван бел или сив мелен слој од маслена боја. По сушењето, бакарната плоча била подготвена за уметникот да почне да слика. Подоцна уметниците ја користеле постапката на патина, во кој бакарот се оксидирал со употреба на разни кисели раствори, како дел од самото уметничко дело. Добиената патина или вердигрис вклучувал затемнување на металните, зелените и сините тонови, во зависност од употребениот хемиски раствор. Патина се одликува со прекрасни разновидни модели и текстури кои се појавуваат на површината на металот.[6][7][8]
Дела
уреди- Остров на мртвите
- Св. Јероним
- Марс и Венера (1605-1610), (Музеј на уметноста, Саун Пауло)
- Богородица и младенец со Света Ана и ангел, (околу 1608–1610) Музеј на уметноста, Хонолулу
- Мртва жаба со муви[9]
- Самопортрет на Рембрант, 1630 година
- Скила од Филипо Лаури[10]
Материјали
уреди- Бакарна подлога
- Маслена боја
Техники
уредиСпреј, четка, прскалка, вердигрис, нож за палета со тркалце.
Слики со масло на бакар
уреди-
Св. Јероним
-
Мртва жаба со муви
-
Карло Сарачени - Ангел кој се појавува пред сопругата на Маноа
-
Гвидо Рени - Св. Франциско утешуван од ангелска музика
Наводи
уреди- ↑ Barratt, Carrie Rebora (1995). John Singleton Copley in America. Њујорк: Metropolitan Museum of Art. стр. 118. ISBN 0870997440. OCLC 32085369.
- ↑ Historical painting techniques, materials, and studio practice : preprints of a symposium, University of Leiden, the Netherlands, 26-29 June, 1995. Wallert, Arie, 1950-, Hermens, Erma, 1958-, Peek, Marja, 1961-. [Marina Del Rey, Calif.]: Getty Conservation Institute. 1995. стр. 98. ISBN 0892363223. OCLC 32131812.CS1-одржување: друго (link)
- ↑ Biffis, Mattia (август 2016). „A rediscovered 'St Jerome' on copper by Guido Reni and its early provenance, in The Burlington Magazine 158 (2016), pp. 610-615“. The Burlington Magazine (англиски). 158: 610–15.
- ↑ „Reconstructing a 17th century Flemish flower painting“. Art Conservation in Action (англиски). 31 мај 2016. Архивирано од изворникот на 2019-06-07. Посетено на 27 јуни 2023.
- ↑ „Oil on Copper | Artsy“. www.artsy.net (англиски). Посетено на 27 јуни 2023.
- ↑ 6,0 6,1 „art process of oxidizing copper and then painting upon it with oil colors“. hawkstudio.com (англиски). Посетено на 27 јуни 2023.
- ↑ „How to Paint on Copper | Preparing Copper Plate by Candice Bohannon“. Artists Network (англиски). 4 април 2012. Посетено на 27 јуни 2023.
- ↑ „Art Process - COPPERHAND Studio“. copperhand.com. Архивирано од изворникот на 2020-02-22. Посетено на 27 јуни 2023.
- ↑ Waters, Florence (6 март 2013). „Dead frog painting that rots before your eyes“ (англиски). ISSN 0307-1235. Посетено на 27 јуни 2023.
- ↑ „Mermaid Monday: Scylla – Beautiful Naiad Turned Sea Monster“. CryptoVille (англиски). 11 август 2014. Посетено на 27 јуни 2023.
Надворешни врски
уреди- Масло на бакар на Ризницата ?