Марко Бочвар или Бочар (грчки: Μάρκος Μπότσαρης, c. 1788 – 21 август 1823) — херој во Грчката војна за независност и водач на Сулиотите.[1]

Генерал
Марко Бочвар
Μάρκος Μπότσαρης

Μάρκος Μπότσαρης
Портрет на Маркос Бочар.
Починал21 август 1823
Карпениси, Османлиска империја (денес Грција)

Ран живот

уреди

Боцарис е роден во еден од водечките кланови на Сулиотите, во регионот Сули, Епир.[2] Тој бил втор син на капетанот Крсте Бочвар (Кицос Боцарис), кој бил убиен во Арта во 1813 по наредба на Али-паша.[3]

Служба во Француската армија

уреди

Во 1803, по заземањето на Сули од страна на Али-паша, Боцарис со голем број на Сулиоти се префрлиле на Јонските Острови, каде 11 години служел во Албанскиот полк на Француската армија и станал еден од офицерите на полкот.[4] Во 1815 се врарил во Епир.[3]

Епир (1820-1821)

уреди

Во 1820, заедно со други Сулиоти и неговиот вујко Нотис Боцарис, се вратил во Епир и се борел против Али-паша заедно со османлиската војска при опсадата на Јанина, но набрзо Сулиотите промениле страна и се бореле против Османлиите, во замена ветување од страна на Али-паша дека ќе им дозволи да се вратат во Сули.

Боцарис, заедно со 300-350 соборци заминале на планината Сатовеца каде ја нападнале османлиската војска во декември 1820. Сулиотите предводени од Боцарис ја зазеле тврдината Вариадес каде се утврдиле.

Грчка војна за независност

уреди

Во 1821, Боцарис се вклучил во револуцијата против Османлиската империја. Тој и другите сулиотски водачи, како Крсте Цавелас, Нотис Боцарис, Лампрос Вејкос, и Јотис Данглис вклучувале само Сулиоти во своите чети.[1] На почетокот на Грчката војна за независност, тој се истакнал со својата храброст, истрајност и вештина како водач во борбите во западна Грција, и особено во одбраната на Месолонги за време на првата опсада на градот (1822–1823).

Ноќта на 21 август 1823 тој ги предводел 350 Сулиоти при нападот на Карпениси, против 4,000 албански војници кои ја предводеле авангардата во војската на Мустафа-паша, паша на Скадар (во денешна Албанија).[5] Војниците на Боцарис од заседа го нападнале непријателот и му нанеле сериозна жртви, но Боцарис бил ранет и починал.[6]

Боцарис бил погребан со почести во Месолонги.

Речник

уреди

Боцарис е автор на еден грчкоалбански лексикон напишан на Крф во 1809, на инсистирање на Франсоа Пуквил, генералниот конзул на Наполеон Бонапарт во дворот на Али-паша во Јанина.[7] Речникот е од голема важност за проучување на изумрениот сулиотски дијалект на албанскиот јазик.[8]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Brigands with a Cause, Brigandage and Irredentism in Modern Greece 1821–1912, by John S. Koliopoulos, Clarendon Press, Oxford. 1987. p. 53. ISBN 0-19-822863-5
  2. Katherine Elizabeth Fleming. The Muslim Bonaparte: diplomacy and orientalism in Ali Pasha's Greece. Princeton University Press, 1999. ISBN 978-0-691-00194-4, p. 99"The Souliotes, a Greek-speaking tribe of Albanian origin... Ali had tried off and over..."
  3. 3,0 3,1 Nikos Giannopoulos, "Markos Botsaris, the absolute exemplar of heroism", Military History, issue 138, 2008, page 11, Publications Periskopio
  4. Zamoyski, Adam (2000). Holy madness: romantics, patriots, and revolutionaries, 1776–1871. Viking. стр. 232. ISBN 0-670-89271-8.
  5. Nikos Giannopoulos, "Markos Botsaris, the absolute exemplar of heroism", Military History, issue 138, 2008, page 17, Publications Periskopio
  6. Dakin, Douglas (1973). The Greek struggle for independence 1821–1833. Berkeley: University of California Press. стр. 102. ISBN 9780520023420.
  7. Markos Botsarēs, Titos P. Giochalas: To Hellēno-Alvanikon lexikon tou Markou Botsarē: (philologikē ekdosis ek tou autographou), Grapheion Dēmosieumatōn tēs Akadēmias Athēnōn, 1980, 424 pages.
  8. JOCHALAS, Titos, To ellino-alvanikon lexikon tou Markou Botzari, Athens 1980.