Марија Тереза (Франција)
Марија Тереза (француски: Marie Thérèse Charlotte; 19 декември 1778 г. – 19 октомври 1851 г.) била најстарото дете францускиот крал Луј XVI и кралицата Марија Антоанета, неговата сопруга. Таа се омажила со нејзиниот братучед, Луј Антоан, најстариот син на идниот Шарл X. Со бракот ја презела и титулата војвотката од Ангулем. Кога нејзиниот свекор седнал на престолот на Франција во 1824 година, таа ја добила титулата Dauphine - жена на најстариот син на францускиот крал. Таа всушност била кралица на Франција дваесет минути, период во кој нејзиниот свекор го потпишал документот за одрекување од престолот, а нејзиниот сопруг,против своја војла го потпишал документот за стапување на престолот.
Марија Тереза | |||||
---|---|---|---|---|---|
Marie Thérèse by Antoine-Jean Gros | |||||
Queen consort of France and Navarre (disputed) | |||||
На позиција | 2 August 1830 for 20 minutes | ||||
Роден(а) | 19 декември 1778 Château de Versailles, France | ||||
Починал(а) | 19 октомври 1851 Frohsdorf, Austria | (возр. 72) ||||
Почивалиште | |||||
Сопружник | Louis Antoine, Duke of Angoulême | ||||
| |||||
Династија | House of Bourbon | ||||
Татко | Louis XVI of France | ||||
Мајка | Marie Antoinette | ||||
Вероисповед | Roman Catholic | ||||
Потпис |
Животопис
уредиМарија-Тереза е родена во Версај палатата на 19 декмеври 1778 година како прво дете и најстара ќерка на кралот Луј XVI и кралицата Марија Антоанета. По седум години брак сите нестрпливо чекале да се роди дете. Поради преполната и непроветрената соба во која се пораѓала, Марија Антоанета речиси умрела од гушење. Прозорците набргу биле отворени за да влезе свеж воздух. Како резултат на ова ужасно искуство, Луј XVI го забранил јавното гледање и дозволил само најблиските членови и неколку доверливи дворјани да бидат сведоци на раѓањето на следните кралски деца. Откако ја вратиле во живот, кралицата со задоволство ја поздравила својата штотуку родена ќерка: „кутро мало суштество, не си она што очекуваа, но сепак ќе те сакаме. Синот ќе припаѓа на државата, а ти мене и ќе ја добиеш целосната потребна грижа, ќе бидеш дел од мојата среќа и лек за мојата болка.“ Набргу по раѓањето, уште истиот ден, принцезата била покрстена и била именува по нејзината баба по мајка, царицата, Марија Тереза од Австрија.
За марија-Тереза се грижела гувернанта, кнегињата Викторија де Рохан, која подоцна дала отказ поради банкнотирањето на нејзиниот сопруг. Била заменета од блиска пријателка на кралицата, војвотката од Полињак. Луј XVI бил доста посветен татко кој ги разгалувал своите деца, додека кралицата била построга. Марија Антоанета била против тоа ќерка ѝ да порасне и да биде горделива како неомажените сестри на нејзиниот сопруг. Често во нивниот дом поканувала деца од понизок ранг да дојдат и да вечерат со Марија-Тереза. Истите ја охрабрувале да ги подари своите играчки на сиромашните. Наспроти нејзиниот изглед на материјална кралица која ги игнорира страдањата на другите, Марија Антоанета се трудела нивните деца да бидат свесни за страдањата на другите. На денот на Нова Година во 1784 година, откако ѝ донела неколку убави играчки на својата ќерка, ѝ рекла: „ би сакала да ти ги дадам сите овие како новогодишни подароци, но зимава е многу студена и има многу несреќни луѓе кои немаат ни корка леб ни облека ни дрвја за да запалат оган. Им ги дадов сите мои пари па не ми остана ништо за да ти купам подароци.“ Марија-Тереза имала двајца браќа и сестра, Луј Жозеф Авиер Франсоа, Dauphin – најстар син на кралот на Франција, роден во 1871 година, {{Луј Шарл, војвода од Нормандија]], роден во 1785 година и Софија Елена Беатрикс, мадам Софија, родена во 1786 година. Како ќерка на кралот таа била fille de France, а како најстара ќерка на кралот, уште од раѓање ја носела титулата кралска дама.
Живот за време на револцијата
уредиКако што Марија-Тереза растела, растеле и тензиите за Француската револуција. Социјалното незадоволство помешано со огромниот буџетски дефицит предизвикале излив на анти-апсолутистички немири. Во 1789 година Франција банкнотирала поради поддршката која ја дала на Американската револуција и високите цени на храната поради суша, а ситуацијата била влошена уште повеќе од страна на пропагандисти на кои мета на презир и потсмев им била кралицата Марија Антоанета. Како што нападите против кралицата станувале сè побрутални така пропаѓала и популарноста на монархијата. Љубомората и омразата биле главни причини за незадоволство и лутина кон кралицата во дворецот Версај. Нејзината непопуларност заедно со неколку членови во дворецот, меѓу кои и војводата од Орлеан, довела до принтање и делење на вулгарни памфлети во кои кралицата се обвинувала за сексуална изопаченост како и за пропаст на државата поради трошење на државните пари. Иако било општо докажано дека кралицата на некој начин и предизикала да дојде до таква омраза штетата кои овие памфлети ја нанеле на монархијата се покажала како катализарот за превсртот кој претстоел. Помладата сестра на Марија-Тереза починала во 1787 година, а две години подоцна, на 4 јуни 1789 година, од туберколоза починал и Луј Жозеф, месец подоца по отворањето на Генералниот Штаб. Од сите овие трагедии кои ја нападнале Марија Антоанета, влошувањето на политичката ситуација не ја погодила толку.
Преселувањето во Палатата Тилери
уредиКога на 14 јули 1789 година Бастилја била нападната од вооружена толпа, тоа била кулминација на тогашната ситуација. Животот на кралската дама која имала 11 години бил доста погоден од оваа ситуација. Поради безбедност неколку членови на кралското семејство биле испратени во странство. Шарл x, нејзиниот вујко и војвотката од Полињак, гувернантата на кралските деца, емигрирале по наредба на Луј XVI. Војвотката од Полињак била заменета од маркизата од Турзел, чија ќерка, Полин, станала доживотен пријател на принцезата. На 5 октомври, измешана толпа од жени и вооружени мажи од Париз со намера да се снабдат со јадење се упатиле кон Версај, мислејќи дека таму ја чуваат. По заземањето на палатата во раните утрински часови на 6 октомври кралското семејство биле принудено да се засолни во кралскиот апратман. Како што се влошувала политичката состојба, Луј XVI и Марија Антоанета сфатиле дека животот им е во опасност. Смислиле план за бегство со помош на грофот Аксел фон Ферсен. Планот бил кралското семејство да побегне во североисточната тврдина во Монтмеди, кралско засолниште, но биле пресретнати во Варенес и смејеството се вратило назад во Париз.
Тврдината во Париз-кралскиот затвор
уредиНа 10 август 1792 година, откако кралското семејство побегнало во законодавното собрание, Луј XVI бил тргнат од престолот, иако монархијата не била укинета сè до 21 септември. На 21 јануари 1793 година Луј XVI бил погубен на гилотина, време во кое неговиот млад брат Луј Шарл бил признат како крал Луј XVII од страна на ројалистите. Речиси шест месеци подоцна, во вечерните часови на 3 јули 1793 година, чувари влегле во апартманот на кралското семејство и присилно го зеле осумгодишниот Луј Шарл. Чевларот Антоан Симон, член на париската комуна, бил одреден да се грижи за Луј Шарл. Марија- Тереза, Марија Антоанета и најмладата сестра на Луј XVI, мадам Елизабет останале во тврдината во Париз. Кога еден месец подоцна, Марија Антоанета била однесена во затворот Conciergerie, вечерта на 2 август, Марија- Тереза била оставена кај тетка ѝ Елизабет да се грижи за неа, која на 9 мај 1794 година била однесена некаде далеку, а следниот ден погубена. Од кралските затореници во тврдината во Париз, само Марија-Тереза Шарлот била единствената која го преживеала владеењето на теророт. Нејзиниот престој тамуо бил досаден и осамен. Двете книги кои ги имала, молитвената книга Поддржавање на Исус Христос (англиски: The Imitation of Jesus Christ) и Патешествија(англиски: Voyages) од Ла Харпе, ги прочитала толку многупати што ѝ здосадиле. Нејзиното барање за повеќе книги бил одбиено како и многу други од страна на владините претставници, додека таа често морала да го слуша плачењето на брат ѝ секогаш кога ќе го претепале. На 11 мај Робеспјер ја посетил Марија-Тереза, но не постои евиденција која сведочи за разговорот. За време на нејзината затворска казна, никогаш не ѝ било кажано што се случило со нејзиното семејство. Само знаела дека татко ѝ е мртов. Зборовите кои биле изгребани на ѕидот од нејзината соба во кулата се следниве: „Марија-Тереза Шарлот е најнесреќната личност во светот. Не може да прими новости од мајка ѝ ниту да биде со неа, иако го побарала тоа илјада пати. Живеј, мила моја мајко која те сакам, но од која ништо не можам да чујам. Татко! Чувај ме од рајот. Боже мој! Прости им на оние кои направија моите родетли да страдат.“
(француски: „Marie-Thérèse-Charlotte est la plus malheureuse personne du monde. Elle ne peut obtenir de savoir des nouvelles de sa mère, pas même d'être réunie à elle quoiqu'elle l'ait demandé mille fois. Vive ma bonne mère que j'aime bien et dont je ne peux savoir des nouvelles. Ô mon père, veillez sur moi du haut du Ciel. Ô mon Dieu, pardonnez à ceux qui ont fait souffrir mes parents.“ ) Кон крајот на август 1795 година, Марија-Тереза конечно дознала што им се случило на нејзините родители од мадам Рене де Шартенен, нејзината женска придружничка. Откако била информирана за нивните судбини, збунеата Марија-Тереза почнала да плаче од тага и болка. По завршувањето на теророт, на Марија-Тереза ѝ било дозволено да ја напушти Франција. Била ослободена на 18 декември 1795 година, на нејзиниот 17-ти роденден. Била заменета со Никола Мари Кинет. Била префрлена во Виена, родниот град на нејзината мајка и главниот град на нејзиниот братучед, светиот римски имератор Франц II.