Марија Аланска

(Пренасочено од Марија Багратиони)

Марија Багратиони (грчки: Μαρία της Αλανίας, околу 1050-1103) била византиска царица, сопруга на царот Михаил VII Дука и Никифор III Вотанијат. Во времето на нејзиниот брак, грузиската принцеза Марија била една од двете невизантиски принцези која била омажена за еден византиски наследник[1].

Марија Аланска
Византиска царица
На позиција1071–1081
ПретходникЕвдокија Макремболитиса
НаследникИрина Дукина
Роден(а)1053
Кралство Грузија
Починал(а)1118 (на 64–65 г.)
Византија
СопружникМихаил VII Дука (1065–1078)
Никифор III Вотанијат (1078–1081)
ДецаКонстантин Дука
DynastyДинастија Дука
ТаткоБаграт IV
МајкаБорена Аланска
ВероисповедГрузиска православна црква

Прв брак

уреди

Марија, чие вистинско име е Марта, била ќерка на грузискиот цар Баграт IV (1027-1072) од втората сопруга, Борена Аланска[2]. Во 1056 Марта била испратена во Цариград, каде што требало да биде одгледана и образована под покровителство на царицата Теодора. Царицата сепак починала истата година и Марта била вратена назад во Грузија. Во 1065 година Марта била омажена за Михаил, синот на византискиот цар Константин X Дука, кој подоцна го наследил претолот од својот татко. Во Византија таа останала позната по името Марија Аланска.

Марија му родила на Михаил VII еден син - Константин Дука.

Втор брак

уреди

Во 1078 година бил детонизиран Михаил VII, а на негово место се качил цар Никифор III Вотанијат. За да ја легализира својата круна, Никифор III Вотанијат и понудил на Марија да се омажи за него, во замена за што новиот цар ветил да го објави нејзиниот син за престолонаследник. Загрижена за наследството на својот син, Марија го прифатила предлогот и во истата година се омажила за узурпаторот.

Никифор сепак не го испочитувал ветувањето, поради што царицата Марија станала меѓу организаторите на заговорот за неговото соборување на чело на кој застанал Алексиј Комнин, наводен љубовник на царицата. Заговорот бил успешен и Никифор III Вотанијат бил принуден да се откаже од власта во 1081 година. По отстранувањето на Никифор III Вотанијат за цар бил крунисан самиот Алексиј Комнин, кој го признал синот на Марија за легитимен престолонаследник.

Повлекување

уреди

Освен тоа тој ја свршил својата ќерка Ана Комнина за Константин Дука. По сè изгледа дека напорите на царицата Марија да го обезбеди престолот на својот син требало на крај да излезе како успех, но во 1087 година се родил синот на Алексиј I Комнин, идниот Јован II Комнин што радикално ја променило ситуацијата на Марија и нејзиниот син. Сега, загрижена за да го обезбеди престолот на сопственото потомство и да ја прицврсти на тој начин сопствената династија, Алексиј I Комнин ја раскинал свршувачката на ќерка си и Константин и го лишел на синот на Марија од титулата престолонаследник. Самата Марија била принудена да се повлече во манастир. По смртта на нејзиниот син во 1096 година, на дејствувањето на Марија во политичкиот живот бил сложен конечен крај.

Марија Аланска останува позната по својата убавина и образованост. Таа имала постојана врска со охридскиот архиепископ Теофилакт Охридски, познат теолог и филозоф, за кого се мислело дека ги пишува своите толкувања на Јовановото евангелие, инспириран од самата царица. Освен тоа Марија промовирала изградба на грузиски манастири на Балканот, најпознат од нив е манастирот Ивирон на Света Гора.

Наводи

уреди
  1. Byzantine empresses: women and power in Byzantium, AD 527–1204. Lynda Garland. p180
  2. Мајка на Марија била Борена, втората сопруга на грузискиот владетел, според која е позната и како Марија Аланска

Надворешни врски

уреди
Марија Аланска
Роден(а): 1050 Починал(а): по 1103
Претходник
Евдокија Макремболитиса
Византиска царица
1071–1081
Наследник
Ирина Дукина