Константин Дука (син на Михаил VII)
Константин Дука (латински: Konstantin Dukas Porphyrogennetos, грчки: Κωνσταντίνος Δούκας Πορφυρογέννητος; околу 1074 — 12 август 1095/1097) — византиски соцар во периодот од околу 1074 до 1078 и од 1081 до 1087/1088 година.
Константин Дука | |
---|---|
Ко-цар на Византија | |
На престол | 1074–1078 1081–1088[1] |
Претходник | Михаил VII Дука |
Наследник | Алексиј I Комнин |
Роден(а) | околу 1074 |
Починал(а) | 1095 |
Династија | Династија Дука |
Татко | Михаил VII Дука |
Мајка | Марија Аланска |
Тој потекнува од византиска династија Дука. Константин бил на Михаил VII Дука, кој во периодот од 1071 до 1078 година бил цар на Византиското Царство и син на царот Константин X. Мајка му Марија Аланска била грузиска принцеза од ерменскиот род на Багратидите, ќерка на Баграт IV, царот на Грузија (1027— 1072). Таа се омажила по вторпат за цар Никифор III Вотанијат (1078 — 1081)[2].
Наречен уште Багренороден бидејќи е роден во Багренската сала на Големата палата во Цариград[3], како неговиот чичко Константин Дука. Уште во август 1074 година, наскоро по раѓањето тој бил свршен за Олимпија односно Еелена од Отевил, ќерката на Робер Жискар[1][4], но се разделиле 1078 година.
Малку по раѓањето на Ана Комнина (1 декември 1083 година), ќерка на царот Алексиј I Комнин[5], Константин бил свршен во 1084 година за неа и прогласен за коцар со Алексиј[6]. Во 1087 година се родил Јован II Комнин, по кое Константин ги изгубил своите права како наследник и набргу потоа починал во Сер во Централна Македонија. Во 1097 година Ана се омажила за генерал Никифор Вриениј.
Наводи
уредиЛитература
уреди- Norwich, John Julius (1996), Byzantium: The Decline and Fall, Penguin, ISBN 0-14-011449-1
- Canduci, Alexander (2010), Triumph & Tragedy: The Rise and Fall of Rome's Immortal Emperors, Pier 9, ISBN 978-1-74196-598-8
- Kazhdan, Alexander, уред. (1991), Oxford Dictionary of Byzantium Vol. I, Oxford University Press, ISBN 978-0-19-504652-6
- Polemis, D.I. (1968). The Doukai. London.
- J. M. Hussey, уред. (1966). The Cambridge Medieval History, Volume IV The Byzantine Empire, Part 1 Byzantium and Its Neighbours. London: The Syndics of the Cambridge University Press. стр. 793.
- George Finlay, History of the Byzantine and Greek Empires from 1057–1453, Volume 2, William Blackwood & Sons, 1854