Марија Арсова (Штип)

Марија Арсова Методиева ( 1927 во Штип — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

уреди

Од февруари 1942 година станала член на СКОЈ. Собирала народна помош, а во пролетта 1943 година во отсуство на родителите во нејзината куќа престојувале илегалци. Во август 1944 година стапила во Четвртата македонска ударна бригада - комесар на V чета. Била делегат на II конгрес на младината на Југославија и член на ОК СКОЈ.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 982.