Марија Аланска
Марија Багратиони (грчки: Μαρία της Αλανίας, околу 1050-1103) била византиска царица, сопруга на царот Михаил VII Дука и Никифор III Вотанијат. Во времето на нејзиниот брак, грузиската принцеза Марија била една од двете невизантиски принцези која била омажена за еден византиски наследник[1].
Марија Аланска | |
---|---|
Византиска царица | |
На позиција | 1071–1081 |
Претходник | Евдокија Макремболитиса |
Наследник | Ирина Дукина |
Роден(а) | 1053 Кралство Грузија |
Починал(а) | 1118 (на 64–65 г.) Византија |
Сопружник | Михаил VII Дука (1065–1078) Никифор III Вотанијат (1078–1081) |
Деца | Константин Дука |
Dynasty | Династија Дука |
Татко | Баграт IV |
Мајка | Борена Аланска |
Вероисповед | Грузиска православна црква |
Прв брак
уредиМарија, чие вистинско име е Марта, била ќерка на грузискиот цар Баграт IV (1027-1072) од втората сопруга, Борена Аланска[2]. Во 1056 Марта била испратена во Цариград, каде што требало да биде одгледана и образована под покровителство на царицата Теодора. Царицата сепак починала истата година и Марта била вратена назад во Грузија. Во 1065 година Марта била омажена за Михаил, синот на византискиот цар Константин X Дука, кој подоцна го наследил претолот од својот татко. Во Византија таа останала позната по името Марија Аланска.
Марија му родила на Михаил VII еден син - Константин Дука.
Втор брак
уредиВо 1078 година бил детонизиран Михаил VII, а на негово место се качил цар Никифор III Вотанијат. За да ја легализира својата круна, Никифор III Вотанијат и понудил на Марија да се омажи за него, во замена за што новиот цар ветил да го објави нејзиниот син за престолонаследник. Загрижена за наследството на својот син, Марија го прифатила предлогот и во истата година се омажила за узурпаторот.
Никифор сепак не го испочитувал ветувањето, поради што царицата Марија станала меѓу организаторите на заговорот за неговото соборување на чело на кој застанал Алексиј Комнин, наводен љубовник на царицата. Заговорот бил успешен и Никифор III Вотанијат бил принуден да се откаже од власта во 1081 година. По отстранувањето на Никифор III Вотанијат за цар бил крунисан самиот Алексиј Комнин, кој го признал синот на Марија за легитимен престолонаследник.
Повлекување
уредиОсвен тоа тој ја свршил својата ќерка Ана Комнина за Константин Дука. По сè изгледа дека напорите на царицата Марија да го обезбеди престолот на својот син требало на крај да излезе како успех, но во 1087 година се родил синот на Алексиј I Комнин, идниот Јован II Комнин што радикално ја променило ситуацијата на Марија и нејзиниот син. Сега, загрижена за да го обезбеди престолот на сопственото потомство и да ја прицврсти на тој начин сопствената династија, Алексиј I Комнин ја раскинал свршувачката на ќерка си и Константин и го лишел на синот на Марија од титулата престолонаследник. Самата Марија била принудена да се повлече во манастир. По смртта на нејзиниот син во 1096 година, на дејствувањето на Марија во политичкиот живот бил сложен конечен крај.
Марија Аланска останува позната по својата убавина и образованост. Таа имала постојана врска со охридскиот архиепископ Теофилакт Охридски, познат теолог и филозоф, за кого се мислело дека ги пишува своите толкувања на Јовановото евангелие, инспириран од самата царица. Освен тоа Марија промовирала изградба на грузиски манастири на Балканот, најпознат од нив е манастирот Ивирон на Света Гора.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Mart'a-Maria 'of Alania', by Lynda Garland and Stephen H. Rapp J at An Online Encyclopedia of Roman Emperors
- Coin of Maria "of Alania". CNG, Inc.
„Марија Аланска“ на Ризницата ? |
Марија Аланска Роден(а): 1050 Починал(а): по 1103
| ||
Претходник Евдокија Макремболитиса |
Византиска царица 1071–1081 |
Наследник Ирина Дукина |