Маријан Камиловски
Маријан Камиловски (Скопје, 2 април 1964) — македонски ликовен уметник, стрип илустратор и политички аналитичар.
Маријан Камиловски | |
---|---|
Роден(а) | 2 април 1964 Скопје, СР Македонија |
Националност | Македонец |
Занимање | ликовен уметник |
Биографија
уредиКамиловски е роден Скопје на 2 април 1964 година. Дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Скопје во класата на проф. Димитар Малиданов во 1988 година.
По дипломирањето започнал да се бави со стрип и илустрација. Кариерата ја започнал во 1990 година во Лондон каде што работел за издавачката куќа Флитвеј 2000 АД.
Во 1991 година, на последниот конкурс за стрип во поранешна Југославија распишан од познатиот часопис Комикон го освоил првото место. Во 1995 година ја добил плакетата International Golden Pen of Belgrade / Србија на најпрестижното биенале за применета уметност на Балканот.
Автор е на романот Розата од вода објавен под псевдонимот Едни Македонци во два наврата 2005 и 2007 година.
Бил член на повеќе политички организации, а бил и претседател на Македонското конзервативно движење.[1] Камиловски е еден од авторите на дел од објектите на Скопје 2014, а негово најпознато дело е оградата и канделабрите на Мостот Слобода во Скопје.
Имал повеќе настапи на групни изложби.[2]
Наводи
уреди- ↑ НДМ: Семакедонска делегација се поклони пред споменикот на основачите на ВМРО по повод 23 Октомври
- ↑ „ПРОГРАМА - БЕЛА НОЌ 2006“. Архивирано од изворникот на 2017-03-24. Посетено на 2018-02-25.