Мост „Слобода“ (Скопје)
Слобода (првично име Моша Пијаде) претставува мост кој ја премостува реката Вардар и ги поврзува булеварите Војвода Васил Аџиларски и Стив Наумов во главниот град на Македонија, Скопје. Изграден е во 1936 година, а комплетно саниран и рекоструиран во 2011 и 2012 година.[2] Во почетокот коловозот на мостот бил поплочен со дрвени плочи и бил нарекуван Нов дрвен мост. Според староста, овој мост е втор по ред, веднаш по Камениот мост.[3]
Слобода | |
---|---|
Поглед на мостот „Слобода“ | |
Координати | 41°59′43″N 21°26′05″E / 41.9953034° СГШ; 21.4346648° ИГД |
Носи | автомобили и пешаци |
Преминува | Вардар |
Место | Скопје, Македонија |
Историја | |
Отворен | 1936[1] |
Местоположба | |
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found |
Реконструкција
уредиОд изградбата на мостот во 1936 година немало никакви реконструкции и обнови сè до 2011. година, кога почнала комплетната санација на мостот. Според проектот на Град Скопје, освен потребната санација и проверка на статиката на мосотот, тој требал да добие и нови канделабри и нова ограда. Стилската ограда од ковано железо е со изведени слики и мотиви од македонското културно наследство и комплено ќе биде завршен во 2014. година. Вкупната сума за реконструкција била планирана да биде околу 1,14 милион евра[4], сума што предизвикала бројни негодувања кај одредени кругови.[5]
Наводи
уреди- ↑ Благоја Илиевски-Марко арх., Весна Таневска дипл.инг.,"Скопје - улиците на градот", Туристички сојуз на Скопје, Скопје 1992
- ↑ „Парите за оградата ќе бидат и за статика“. Дневник. 14 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2012-05-19. Посетено на 15 мај 2012.
- ↑ „Скопје го поврзуваат грди мостови“. Дневник. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2012-05-15.
- ↑ „1.140.000 евра за оградата на мостот кај Холидеј Ин“. Кирилица. 9 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2012-06-21. Посетено на 15 мај 2012.
- ↑ „„Жива ограда" на мостот кај „Холидеј ин"“. Нова Македонија. 14 мај 2012. Посетено на 15 мај 2012.