Марин Димески (24 март 1948, Прилеп) – македонски фотограф.[1]

Марин Димески
Роден 24 март 1948
Прилеп, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Македонец
Занимање фотограф

Животопис и творештво

уреди

Марин Димески е професионален фотограф, роден е 1948 год. во Прилеп. Завршил историја на уметноста на Филозофскиот факултет во Скопје. Со уметничка фотографија се занимава од 1970 година. Автор е на осум самостојни изложби, учествувал со свои дела и на поголем број групни изложби во земјата и странство на кои има добиено повеќе награди и признанија. Член е на ДЛУМ и на Здружението на применети уметности на Хрватска, на Хрватското друштво на ликовните Уметници на Истра. Работи и на самостојни проекти и фотографира во Њујорк, Египет, Израел, Кенија [2].

Наводи

уреди