Марина Михаиловна Раскова (руски: Раско́ва Мари́на Миха́йловна, 28 март 1912 - 4 јануари 1943) била познат советски навигатор. Таа подоцна станала една од над 800.000 жени во воената служба, основала три женски воздухопловни полкови, кои летале над 30.000 летови во Втората светска војна.[1]

Марина Раскова
Мајор Марина Раскова во 1940-тите
Роден(а)Марина Михаиловна Раскова
28 март 1912(1912-03-28)
Москва, Руска Империја
Починал(а)4 јануари 1943(1943-01-04) (возр. 30)
Саратовска област, СССР
НационалностРусинка
Занимањевоздухопловец
Познат(а) поосновала три женски воздухопловни полкови

Раскова станала познат воздухопловец и како пилот и како навигатор во Русија во 1930-тите. Таа била првата жена која станала навигатор во Советските воздухопловни сили во 1933 година. Една година подоцна таа исто така станала првата жена вработена како учител во Жуковската воздухопловнс академија.[2]

Таа поставила голем број на рекорди, највеќе во 1937 и 1938 година, додека сè уште предавала на воздухопловната академија.[2] Во 1938 ја добила наградата Херој на Советскиот Сојуз.

Уште пред Втората светска војна, имало голем број жени кои имале обука како пилоти кои веднаш станале доброволци. Иако немало формални ограничувања за жените кои сакале борбени улоги, нивните пријави често биле блокирани што можно подолго, со цел да ги обесхрабрат. Раскова ги користела нејзините лични врски со Сталин да ја убеди војската да формира три борбени полкови за жени. Не само што жените биле пилоти, но и персонал за поддршка и инженери за овие полкови.[3] Поради одличните постигнати резултати, женските борбени полкови биле опремени со најнови и најдобри советски борбени авиони и бомбардери.

Марина Раскова загинала на 4 јануари 1943, на 30 годишна возраст, при неуспешен обид за принудно слетување на брегот на реката Волга во близина на Сталинград, на помалку од месец дена пред одлучната победа на Црвената Армија во Битката за Сталинград на 2 февруари 1943, која претставува пресвртница во Втората светска војна[2]. Нејзиниот погреб бил првиот државен погреб во Советскиот Сојуз од почетокот на Втората светска војна.

Нејзиното тело било кремирано, а нејзината пепел била закопана во гробницата во Кремљскиот Ѕид, веднаш до посмртните остатоци од Полина Осипенко, која исто така загинала во авионска несреќа во мај 1939 година пред почетокот на Втората светска војна, а која заедно со Марина Раскова и Валентина Гризодубова се прославиле во септември 1938 откако го извеле првиот непрекинат лет од Москва до Охотското Море.

Посмртно, на Марина Раскова и бил доделен Орден на Големата патриотска војна од 1. класа[4], а по нејзино име бил именуван и советски брод.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Cottam 1998-Selected Biographies.
  2. 2,0 2,1 2,2 Sakaida 2003, p. 15.
  3. Pennington 2001, p. 125.
  4. Cottam 1998-Selected Biographies, p. 27.