Бутин[1][2] или бучилоалатка која се користи за издвојување путер од млекото.

Млада жена бие путер
Жан-Франсоа Миле, 1848-1851 година
Музеј на ликовни уметности (Бостон)

Опис

уреди
 

Биењето се состои од механичко одвојување на честичките маснотии содржани во млекото (масни топчиња) од матеницата. Масните честички потоа се собираат заедно за да формираат зрна путер. Тие се вадат од бутинот, се мијат и се замесуваат. Биењето може да трае од околу триесет минути до два часа.

Модели бутини

уреди

Првите бутини биле направени од кожа или дрво, подоцна биле изработувани од керамика. Индустриските бутини се направени од метал.

Постојат различни модели на бутини. Во Македонија бил познат само еден вид на бутин, т.н. вертикален бутин.

Вертикалниот бутин е долгнавест буревиден сад за правење на матеница и добивање на путер и млечна маст со помош на долго матало. Садот има капак со дупка низ која се движи маталото.

Галерија

уреди

Наводи

уреди

Поврзано

уреди