Манастир „Св. Илија“ - Везник
Свети Илија (грчки: Ιερά Μονή του Προφήτη Ηλία) — женски манастир кај селото Везник, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Свети Илија | |
---|---|
Προφήτη Ηλία | |
Главниот влез на манастирот | |
41°6′22″N 23°40′50″E / 41.10611° СГШ; 23.68056° ИГД | |
Место | Везник, Серско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Завршена | 1990 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Серско |
Епархија | Серско-нигритска |
Манастирот се наоѓа северно од Везник, на 8 км источно од Сер. Сместен е на рид на јужните падини на Сминица. Првата црква на ова место е изградена во 1911 г.,[2][3] но со време се срушила.[1]
Во 1990 г. група монаси започнале да градат манастир на местото, и во обновената манстирска црква севградени два ѕида од стариот храм.[1] Црквата е трикорабна базилика со дрвен покрив повисок среден кораб со три реда прозорци од обете страни. Трите кораби се разделени со квадратни столбови.[2] Сестринството се занимава со иконопис и везење со срма. Во параклисот „Пресв. Богородица Мироточива“ има точна компија на познатата истоимена икона. Во манастирот се чуваат мошти на светците Григориј V, Никола Плата и Филотеја Атинска.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Ιερά Μονή του Προφήτη Ηλία“. Μοναστήρια της Ελλάδος. Посетено на 26 јуни 2017.[мртва врска]
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Διακοπές“. In.gr. Архивирано од изворникот на 2018-01-02. Посетено на 2 јануари 2018.
- ↑ „Μνημεία της Κοινότητας Αγίου Πνεύματος“. Δαρνακοχώρια. Архивирано од изворникот на 2014-01-28. Посетено на 2 јануари 2018.