Манастири (Рамне)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Манастири

Карта

Местоположба 41°06′33″N 20°50′11″E / 41.10917° СГШ; 20.83639° ИГД / 41.10917; 20.83639
Основни податоци
Место Рамне
Општина Охрид
Тип

 црква  некропола


Период среден век
Портал „Археологија“

Манастириархеолошко наоѓалиште во охридското село Рамне. Претставува средновековна црква и некропола. На зарамнетата површина што се издига над селото југоисточно за околу 200 метри се гледаат остатоци од основа на поголема црква, со димензии 25 × 15 м. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и друг градежен материјал кој укажува на можност да била подигната од урнатни од старохристијанска базилика. Источно од неа се откриени гробови градени од камени плочи, со насоченост исток-запад. Од литературата е познато дека „Болоњскиот Псалтир“, кој потекнува од XIII век, бил напишан во селото Рамне.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 274, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069