Димитрово Езеро

ледничко езеро на планината Баба
(Пренасочено од Мало Димитрово Езеро)

Димитрово Езеро — мало постојано ледничко езеро на планината Баба, во непосредната близина, под Големото Пелистерско Езеро. Сместено е на надморска височина од 2100 метри на планинската падина Дебел Рид југозападно од селото Нижеполе, во изворишниот дел на Езерска Река (Лак Поток), на само 750 метри североисточно од Големото Пелистерско Езеро[1]. Именувано е како Димитрово Езеро, според најголемиот македонски планинар и алпинист и прв македонски освојувач на Монт Еверест, Димитар Илиевски - Мурато на научниот собир на ДНУ - Битола одржан на 24.11.2001[1].

Димитрово Езеро

Карта

Површина 770 м2
Должина 35 м
Ширина 30 м
Обем 205 м
Длабочина 0.4 м
Надморска висина 2.100 м
Планина Баба (Пелистер)
Димитрово Езеро на Ризницата

Одлики

уреди

Според првичните истражувања на езерото во 1998 година езерото е третирани како „бара“, меѓутоа според настанокот, количеството на вода, начинот на полнење и други морфометриски и хидрометриски показатели, не станува збора за бара туку за мало постојано природно планинско езеро[1]. За разлика од Големото и Малото Пелистерско Езеро, Димитровото Езеро според своето потекло е акумулативно постглацијално езеро, кое е настанато во терминалниот (крајниот) басен, зад челните морени, односно на местото каде што се топел некогашниот мразник кој се спуштал од поголемите височни на планината Баба[1]. Димитровото Езеро има приближно кружен облик[1]. Во правец југоисток-северозапад неговата најголема должина изнесува 35 метри, а најголемата широчина е измерена во правец југозапад-североисток од 30 метри[1]. Вкупната должина на езерскиот брег изнесува 99 метри, при што во овие рамки езерото зафаќа површина од околу 770 м2[1]. Најголема длабочина е измерена од 0,4 метри, а просечната длабочина изнесува 0,3 метри, при што во ова езерско корито просечно, годишно се собираат помеѓу 200 до 250 м3[1]. Димитровото Езеро се полни со вода од еден крак - ракавец на Езерска Река, која настанува од изворите што се наоѓаат под моренскиот бедем на Големото Пелистерско Езеро[1], а таа истекува од самото езеро на северозападниот брег, со што спаѓа во редот на протечни езера во Македонија. Димитровото Езеро се одликува со мали и незналителни промени на езерското нив она водата во текот на годината, при што вишокот на вода езерото ја губи со повшинско истекување кое постојано тече во текот на целата година и преку кое водата која истекуа повторно се враќа во коритото на Езерска Река[1].

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 Василески, Драган. Пелистерски езера. Напредок, Тетово. 2008. стр.70-75