Мала Тумба (Трн)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Мала Тумба

Карта

Местоположба 41°4′23″N 21°24′43″E / 41.07306° СГШ; 21.41194° ИГД / 41.07306; 21.41194
Основни податоци
Место Трн
Општина Битола
Тип

 населба


Период неолитско време
Портал „Археологија“

Мала Тумбаархеолошко наоѓалиште во битолското село Трн. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на околу 1 км југоисточно од селото и во непосредната близина на Голема Тумба. Има неправилна елипсовидна основа, развлечена во правец север-југ, со димензии од 160 × 210 м и зачувана височина од 1,5 м. Тумбата е во голема мера оштетена, особено во источната половина, со изградбата на каналот за наводнување и со трасирањето на патот Новаци-Радобор. Исто така, таа е целосно зарамнета и со изградбата на хангарот за чување на земјоделската механизација. Во 1973 година Народниот музеј од Битола извршил заштитни археолошки ископувања при што бил пронајден културен слој од 2 м, со два хоризонта на живеење исполнети со богат материјал (керамички садови, орудија, култни предмети и др.). Првиот хоризонт им припаѓа на населбите од средниот неолит на велушко-породинската група, а вториот на доцниот неолит. Според овие наоди доцниот неолит во Пелагонија е издвоен како посебна културна група, наречена Мала Трнска Тумба, која е истовремена и многу блиска на доцнонеолитските групи од западнојадранскиот културен круг. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  2. Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678