Мак Хортон
Мекензи „Мак“ Хортон роден во Мелбурн, на 25 април 1996 година. Тој е австралиски пливач чија специјалност е трки во слободен стил на долги патеки. Тој е актуелен олимписки победник од Рио 2016 година и светски шампион од Гвангжу 2019 година, како и поранешен петкратен светски јуниорски шампион.
Освоени медали | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
Спортска кариера
уредиХортон почнал да се занимава со пливање на десетгодишна возраст, за да го надмине стравот од вода. Само неколку години подоцна почна да се натпреварува на локално и национално ниво. Првиот настап за австралиската репрезентација го имаше во 2012 година, на Пан-тихоокеанското јуниорско првенство во Хонолулу, каде што освои златен медал во трката на 1.500 метри слободно.[1] Само два месеци подоцна, во финалето на Светскиот куп во Сингапур, тој освоил златен медал во трката на 1.500 слободно, што е негово прво сениорско злато во неговата кариера.[2]
На Светското јуниорско првенство што се одржа во Дубаи во 2013 година, Хортон освои дури шест медали, од кои пет златни (освои злато во сите четири трки во слободен стил без спринт и во штафетата 4 × 100 слободно). Една година подоцна, на сениорското државно првенство, ја освои титулата државен првак во трката на 1.500 метри слободно, додека на 400 метри слободно завршил на второто место, поставувајќи нови светски рекорди за јуниори на двете трки.[3] Тој го „подобри“ сопствениот светски рекорд за јуниори на 1.500 слободно само три месеци подоцна, на Игрите на Комонвелтот во Глазгов, освојувајќи сребрен медал на таа трка, која ја исплива за 14:48,76 минути.[4] Тој ја продолжил својата серија успешни настапи три недели подоцна, на Пан-тихоокеанското првенство во Гулд Коуст, каде што освоил сребро и бронза на 800 и 1.500 метри слободно.
Тој го имаше своето деби на Светското првенство у големи базени во Казан во 2015 година, каде што освоил бронзен медал на трката 800 слободно, додека за трката на 1.500 слободно во квалификации завршил на 11 то место.
Хортон успеал да се избори за место во австралиската репрезентација за учество на Олимписките игри во Рио 2016 година, каде што неочекувано го освоил олимпиското злато во трката 400 слободно, каде што беше и негов најголем успех во дотогашната спортска кариера. Тој исто така бил и дел од штафетата 4 × 200 слободно во Рио, за која пливаа и Томас Фрејзер Холмс, Дејвид Мекон и Даниел Смит, и во која трка, тој го освоил високото четврто место во финалето. Поединечната трка на 1.500 слободно ја завршил на петтото место.
Тој, исто така, постигнал голем успех на своето второ последователно Светско првенство, во Будимпешта во 2017 година, каде што освои сребрен медал во трката 400 слободно и бронзен медал во 1.500 слободно . Две години подоцна, на првенството во Гвангџу 2019 во Кореја, каде што ја освои светската титула за прв пат, бидејќи австралиската штафета 4 × 200 слободен стил за која пливаше во финалето беше последната промена (заедно со Клајд Луис, Кајл Чалмерс и Александар Греам ) го освоија златниот медал со време на нов национален рекорд од 7:00. 85 минути. Неколку дена претходно, Хортон го освои среброто во трката 400 слободно, а за време на церемонијата на медалите одби да се ракува и да се фотографира со победникот на таа трка, Суен Јанг од Кина, кога јавно го обвини за користење недозволени стимуланси и мамење.[5][6]
Наводи
уреди- ↑ „Results of the boys' 1500 metre freestyle at the 2012 Junior Pan Pacific Swimming Championships“. Pan Pacific Swimming Association. 24 August 2012. Архивирано од изворникот на 4 March 2016. Посетено на 20 August 2014.
- ↑ „Results of the men's 1500 metre freestyle at the 2012 FINA Swimming World Cup event in Singapore“. Omega SA. 11 November 2012. Архивирано од изворникот (pdf) на 24 September 2015. Посетено на 20 August 2014.
- ↑ Marsteller, Jason (1 April 2014). „FINA world junior records can begin being set today“. Swimming World. Sports Publications International. Архивирано од изворникот на 21 September 2016.
- ↑ Lord, Craig (14 August 2014). „Park Tae-Hwan leads the speed in realm of rare catch-up mission for USA at Pan Pacs“. swimvortex.com. Архивирано од изворникот на 28 August 2014.
- ↑ „World Swimming Championships: Sun Yang wins 400m freestyle but bad blood with Mack Horton spills over“. Independent. Архивирано од изворникот на 22 July 2019. Посетено на 23 July 2019.
- ↑ https://www.theguardian.com/sport/2020/feb/28/olympic-swimming-champion-sun-yang-banned-for-eight-years-after-cas-ruling
Надворешни врски
уреди- Мак Хортон </img> на сајтот ФИНА
- Спортска биографија на the-sports.org
- Профил на веб-страницата на Еуроспорт
- Профил на collegeswimming.com