Макс Паленберг
Макс Паленберг (роден на 18 декември 1877, како Макс Полак во Виена - починал на 26 јуни 1934 година, во Карлови Вари) — австриски пејач, глумец и комичар.
Иако кариерата на Паленберг започнала во 1904 година, тој дури во 1909 година се зачленил во театарот во Виена и (од 1911 година) станал дел од Виенскиот германски народен театар. Сепак, тој најголем белег оставил во Берлинскиот германски театар, каде што работел заедно со Макс Рајнхарт.
Во 1917 година се оженил со Фрици Масари која била една од најпознатите глумици во 1920-тите години. Во 1933 година тие ја напуштиле Германија и заминале во Австрија. Една година подоцна тој загинал во авионска несреќа во близина на Карлови Вари во денешна Чешка. Тој бил кремиран во „Фојахале Симеринг“, каде што била закопана и неговата пепел.