Макински Острови

(Пренасочено од Макински Остров (Макин))

Макин (кирибатски: Makin) или Макински Острови е географски поим со кој се означува атол во Кирибатите. Макин е дел од островската група Гилбертови Острови. Макин е составен од неколку острови.

Сателитска снимка на Макинските Острови.
Карта на Гилбертовите Острови.
Карта на Макинските Острови.

Географија

уреди

Макин се наоѓа 6 километри североисточно од Бутаритари и 6.9 километри од Намока. Атолот е линијарен гребен, кој е долг 12 километри и составен од пет острови, од кои двата најголеми се населени, односно островите Макин и Киебу. Третиот по големина остров е Оне е исто така населен. Макин не е атол во вистинска смисла на зборот, но бидејќи најголемиот остров има лагуна која е поврзана со морето со тесен канал, може да се смета за атол. Островот Киебу има затворена лагуна, која има пречник од 80 метри. Името Макин порано се коростело за Бутаритари, а Макин се нарекувал Макин Меанг или Мал Макин. Во близина на атолот се наоѓааат Маршалските Острови, поточно атолот Надикдик, кој се наоѓа на 290 километри северозападно. На атолот има аеродром. Атолот има вкупна површина о 6.7 км2 и население од 2.385 жители според податоците од 2005.

Острови

уреди

Села

уреди
Макин 1,834 жители
Киебу 551 жител

Поврзано

уреди

3°23′00″N 173°00′00″E / 3.38333° СГШ; 173.00000° ИГД / 3.38333; 173.00000