Македонското прашање - во минатото и сега

Македонското прашање - во минатото и сега — опширен труд кој ги обработува сите аспекти на историскиот развиток на македонската нација и национална свест и политичките, општествените и економските состојби и значење на Македонското прашање. Напишан е Васил Ивановски додека бил во затворот „Идризово“ во 1943 година. Книгата е систематизација на предавања по политичко воспитување на затворениците во Идризово, наменета за битолскиот затвор и е обид да се претстави историјата на македонскиот народ од најстари времиња (античка Македонија) до современоста (НОВ) низ призмата на марксистичко-ленинистичката и сталинистичката политичка филозофија од аспект и во светлина на националното формирање и правото за создавање на македонска национална држава. Со ова дело, според Иван Катарџиев, Ивановски се претвора во "основоположник на македонската историографија"[1].

Македонското прашање - во минатото и сега
Книгата "Македонското прашање - во минатото и сега" (кликнете на сликата за да ја отворите и читате во целост)
АвторВасил Ивановски
ПреведувачИван Катарџиев
ЗемјаМакедонија
Јазикбугарски
Жанристорија, политика
ИздавачДржавен архив на Македонија и Матица Македонска (прво издание), МАНУ (второ издание)
Издадена
1943
Страници152

Содржина

уреди

Делото содржи 9 глави, иако според сведоштво на Димче Аџи-Митрески тоа првично содржело 12 глави[1]. Сите предавања, излагања и разговори на Васил Ивановски во затворот биле запишувани од политичкиот затвореник во собата - Ташко Филипов од Ресен[1]. Во целост, книгата претставува систематско претставување на историјата на Македонија и Македонците од времето на Античка Македонија до НОБ од аспект и во светлина на националното формирање и правото за создавање на македонска национачлна држава.Започнува со теоретско објаснување на концептите за род, племе, народ, нација, национални малцинства и групи, каде претставувајќи повеќе различни научни гледишта, се потенцира дека комунистичкото односно марксистичко-ленинистичкото гледање е најисправно и во согласност со вистинските услови и одлики на човештвото во дадениот историски миг. Потоа преминува на одделните периоди на македонската национална преродба и историските настани, објаснувајќи ги процесите преку економска и историско-материјалистичка анализа. Главните моменти во книгата се државната традиција на територијата на Македонија, етничкото и националното составување на македонскиот народ, формирање на македонска држава во услови на поделба на областа и постигнување на хармонични односи меѓу различните националности во новата држава.

Според Ивановски до XI век постојат три македонски државни формации - на античките Македонци, Сојузот на македонските славинии и државата на цар Самуил во X век. Така државната традиција на Античка Македонија е предисторија на македонската нација, а вистинските нејзини корени се во VI век, кога новодојденците словенски племиња формираат тука првото племенски обединување со заварени илирски племиња. Ивановски тврди дека македонската преродба се преплетува со бугарското национално преродба, и дека борбата за црковна независност добила манифестира бугарски карактер, но по своето внатрешно содржина си останала чисто македонска. Така тој смета дека во процесот на национално оформување на македонскиот народ има прекин поради преплетувањето во него на "бугарската националистичка пропаганда". Крајниот заклучок на Ивановски е дека изготвувањето на македонската национална самобитност влегува во својот краен фаза во 1940-те години. Третиот проблем за обединувањето на Македонија Ивановски не го решава преку традиционалното гледање на Коминтерната за Балканска федерација - теза, која тој ја отфрла како неостварливи уште во "Задачите и идеите на македонското прогресивно движење" - туку се залага "за правото на македонскиот народ да се организира во своја национална држава, во една македонска народна република", изградена на принципите на народна власт и национална рамноправност. Така од двете идеи за иднината на Македонија - федерална единица во Југославија и независна македонска република - поддржана со Декларацијата на Отечествениот фрон од есента 1943 година - Ивановски избира втората за прв и последен пат во своите дела и творештво. Ивановски нуди формирање на македонски национални комитети во Бугарија, Југославија и Грција, кои ќе треба да развијат и разработат начин за обединување на македонскиот народ и создавање на Македонска народна република. Правата на националностите во новата држава ќе бидат заштитени по советскиот модел.

Мисли и извадоци

уреди

За предисторијата и развитокот на македонската нација:

Македонската нација има своја предисторија, како што има и најоддалечени историски корени. Таа предисторија опфаќа еден историски период, кога ќе се почне од 7 век пред новата ера, кога за првпат се споменува во историските споменици името Македон и ќе се стигне до крајот на II век (пред н.е.) кога Римското Царство се настанува на местото на големата држава на Александар Македонски. А најоддалечените историски корени на македонската нација се однесуваат кон VI век по новата ера кога доаѓаат Словените на Балканскиот Полуостров. Оттогаш започнува оној непрекинат историски процес на етничкиот развиток и обособување, што во 18-XIX век доведува до вистинското историско формирање на македонската нација.[2].

Васил Ивановски, „Македонското прашање - во минатото и сега“, 1943

За значењето дејноста и правилното решение на ВМРО (Обединета) по македонското прашање и право за слобода и самостојност:

ВМРО (Обединета) успеа да го сочува чисто македонското име и да ја обнови прекинатата врска на современото македонско ослободително движење со тоа од пред востанието 1903 година и уште пред тоа на „Лозарите“. Се обнови врската помеѓу македонската национална преродба и новата македонска преродба по војните. Битен елемент на последнава преродба беше ВМРО (Обединета) целата нејзина активност и сите нејзини идејно политички постигнувања во македонското движење. Не случајно при ВМРО (Обединета) прашањето за етничкиот карактер на Македонците беше поставено и решено. Мракот на заблудата дефинитивно е раскинат и отфрлен на страна, а пред светот излезе еден народ со избистрено национално сознание кој гордо изјави: „Ние не сме Јужно-Србијанци, ниту Бугари или славјано-гласни Грци, - ние сме Македонци, одделна македонска нација, со сите права што ѝ припаѓаат за слободен и самостоен политички живот“[3].

Васил Ивановски, „Македонското прашање - во минатото и сега“, 1943

За поставување на македонското прашање и неговото решение:

Македонија за Македонците! — Ете го сеопштиот повик, ете ја паролата околу која се сплотува за борба целиот македонски народ... Сеопштиот повик „Македонија за Македонците“ ќе најде реален израз во установувањето на македонска народна република ... социјално спроведлива уредба, што ќе им осигури еден навистина човечки среќен живот.[4].

Васил Ивановски, „Македонското прашање - во минатото и сега“, 1943

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Катарџиев, Иван (2014). Васил Ивановски, борец за идеалот за слободна и обединета Македонија на Балканот: Историја на Македонија од антиката до АСНОМ. Скопје: МАНУ. стр. 5–42. ISBN 978-608-203-12-1 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help).
  2. Ивановски, Васил (1943). Иван Катарџиев (уред.). Зошто ние Македонците сме одделна нација - избрани дела (1995. изд.). Скопје: Архив на Македонија & Матица Македонска. стр. 118. ISBN 9989-48-062-1.
  3. Ивановски, Васил (1943). Иван Катарџиев (уред.). Зошто ние Македонците сме одделна нација - избрани дела (1995. изд.). Скопје: Архив на Македонија & Матица Македонска. стр. 210. ISBN 9989-48-062-1.
  4. Ивановски, Васил (1943). Иван Катарџиев (уред.). Зошто ние Македонците сме одделна нација - избрани дела (1995. изд.). Скопје: Архив на Македонија & Матица Македонска. стр. 241–243. ISBN 9989-48-062-1.