Македонска хералдика

Македонската хералдика — користењето на традиционални македонски грбови. Хералдиката или грбословието во Македонија се појавила во средниот век кога главно за симбол на штитот на грбот на Македонија се користел македонскиот лав. Лавот (заедно со македонското сонце) бил користен за означување на македонскиот народ и Македонија од античките времиња. Македонскиот златен лав бил користен како грб на етничка Македонија сè додека не се формира НР Македонија. Лавот бил предложен од многу политичари, политички партии и институции за грб на Република Македонија, но поради протесната нота на Република Бугарија и сличноста со нивниот грб за грб на Македонија била одбрана слична верзија на тој на СР Македонија. Изгледот на грбот на Македонија бил менуван во текот на средниот век, најповеќе зачувани грбови на Македонија има во грбовниците од XV век.

Македонска хералдика
Значка на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација со македонскиот лав од првата светска војна
СимболиЛавот, Житното класје, плодовите на афионот, листовите тутун, планините и водите во Република Македонија
Традицијамакедонска
Користена одМРО, ВМРО ДПМНЕ, Светски македонски конгрес итн.

Главнито хералдички орган во Македонија кој ги уредува и доделува грбовите е Македонското грбословно друштво (порано наречено Македонско хералдичко здружение).

Галерија на македонски грбови

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Хералдика Србија
  2. „Fojnički gbovnik“. Архивирано од изворникот на 2011-08-23. Посетено на 2012-01-27.