Генадиј (охридски архиепископ)
Генадиј бил византиски свештеник и охридски архиепископ најверојатно во периодот по 1285 до 1290 година[1]. Тој бил архиепископ на Охридската архиепископија по потекло од Византија.
Генадиј | |
---|---|
Архиепископ од | 1285 |
Архиепископ до | околу 1289 |
Претходник | Јаков I |
Наследник | Макариј I |
Роден | 13 век |
Починал | 13 век |
Други архиепископи со име Генадиј |
За неговото дело е малку познато, но на охридскиот престол се качил благодарение на царот Андроник II Палеолог. Малку подоцна тој ја напуштил својата функција и се вратил во Цариград, каде во 1289 година бил еден од кандидатите да стане Цариградски патријарх.
Наводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.