Магијата во Хари Потер
Магиите се случуваат во замислениот волшебнички свет на серијалот Хари Потер од авторката Џоан К. Роулинг. Многу од ликовите ги користат магиите за да постигнат специјални ефекти без употреба на модерна технологија. Главниот приказ на магијата во книгите за Хари Потер е преку гест со волшебничко стапче и изговaрање на магичните формули. Формули што се употребуваат најчесто се изведени од латинскиот јазик и го немааат соодветното значење во вистинскиот говор.
Авада кедавра
уредиОпис: Една од трите непростиви клетви. Веднаш предизвикува смрт и не остава никаква физичка трага за причината на смртта. Кога се користи од волшебничкото стапче излегува сноп зелена светлина. Само двајца во историјата на волшебничкиот ја преживеале: Хари Потер (затоа што го заштитила мајка му) и Лорд Волдеморт (поради хоркруксите). Ако биде фрлена на феникс тој ќе се запали, но повторно ќе се роди од пепелта.
Спомената: Во „Пламениот пехар“ Лорд Волдеморт ја користи за да го убие Франк Брис, а пред настаните во книгите со неа ги убил и родителите на Хари. Питер Петигру со неа го убива Седрик Дигори, а Северус Снејп Албус Дамблдор.
Етимологија: На арамејски јазик значи “нека биде уништено“.
Авис
уредиОпис: Создава јато мали птици.
Спомената: Во „Пламениот пехар“ Оливандер ја користи за да го тестира стапчето на Виктор Крум, испраќајќи јато птици низ прозорецот. Хермиона ја користи во „Полукрвниот принц“ за да му прати јато птици на Рон Визли.
Етимологија: На латински јазик avis значи птица.
Агваменти
уредиОпис: Прави млаз вода од волшебничкото стапче.
Спомената: Ја користи Флор Делакур во „Пламениот пехар“ за да го изгасне своето здолниште кое беше запалено во текот на задачата со змејовите. Хари ја користи двапати во „Полукрвниот принц.“ Првиот пат обидувајќи се да му даде на изнемоштениот Дамблдор вода, после напитокот од Волдеморт, и вторпат, ја користеше за да ја спаси колибата на Рубеус Хагрид која беше запалена од еден од смртождерите.
Етимологија: Aqua на латински значи вод, а mentis ум.
Акио
уредиОпис: Магија која ги привлекува предметите кај личноста што ја фрлила.
Спомената: Првпат се споменува во „Хари Потер и Пламениот пехар“, кога Моли Визли со нејзина помош им одзема некои предмети на близнаците. Подоцна, Хари Потер ја користи оваа магија за да ја земе својата метла за летање во текот на првата задача од Тримагискиот турнир. Во „Полукрвниот принц“ и во „Реликвиите на смртта“ со „Акио“ Хари се обидува да собере некои од хоркруксите.
Етимологијата: Латинскиот збор accio значи "јас го повикувам" или "собирам".
Алохомора
уредиОпис: Ги отклучѕва и отвора вратите.
Спомената: Се користи низ целиот серијал. Првпат, во „Каменот на мудроста“ Хермиона ја употребува на забранетиот трет кат, за да ја отвори собата каде што се наоѓа троглавиот пес. Оваа магија не успева секаде, на пример на вратите на канцелариите од Северус Снејп и Долорес Умбриџ.
Етимологија: Името доаѓа од Сидики, јазик на племето Малгаши од Мадагаскар и значи „поволна за крадците.“
Анапнео
уредиОпис: Го прочистува дишникот ако е затнат.
Спомената: Во „Полукрвниот принц“ ја користи Хорациј Слагхорн кога еден од учениците почнува да се гуши.
Етимологија: На грчки значи: да се земе здив.
Апаресиум
уредиОпис: Го открива невидливото мастило.
Спомената: Во „Одајата на тајните“ Хермиона ја користи на дневникот од Том Ридл, но не и успева.
Етимологија: На латински јазик appareo значи „да се појави“.
Надворешни врски
уредиОваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |