Двегодишно растение

(Пренасочено од Двогодишно растение)

Двегодишно растениецветно растение чиј животен циклус трае две години. Во првата година растението развива листови, стебла и корења (вегетативни елементи), а потоа мирува во студените месеци. Стеблото обично е мошне кусо, а листовите се наоѓаат ниско до земјата, образувајќи розета. Многу од нив бараат да бидат изложени на студ (јаровизација) за да можат да процветаат. Во текот на следната пролет или лето, стеблото во голема мера се издолжува. Потоа растението цвета и раѓа плодови и семе, па умира. Во природата постојат далеку помалку двегодишни отколку поевќегодишни и едногодишни растенија.

Магдоносот е двегодишно растение.

Под крајно лоши услови, двегодишното растение може да го изживее циклусот за многу кратко време (3-4 месеци). Ова е честа појава кај зеленчуков и цветен расад изложен на студ пред да биде насаден. Поради ова, многу двегодишни растенија во некои региони се третираат како едногодишни.

Цвеќето турски каранфил е пример за повеќегодишно растение[1]

Од градинарска гледна точка, дали едно растение ќе биде едногодишно, двегодишно или повеќегодишно зависи од местото и целта. Оние што се заради цветовите, плодовите и семето треба да им се исчека целиот двегодишен циклус. На оние што служат за листови и корења им е доволна една година. Ако двегодишното растение се одгледува во подрачја со крајно ладни зими, тогаш истото ќе се третира како едногодишно бидејќи нема да го преживее студот. Кога некое едногодишно растение се одгледува во многу поволни услови, тогаш успехот на неговите семиња му дава изглед на двегодишно или повеќегодишно. Некои краткотрајни повеќегодишни растенија изгледаат како да се двегодишни. Вистинските двегодишни растенија цветаат само еднаш, повеќегодишните цветаат секоја година откако ќе достигнат зрелост.

Примери за двегодишни растенија се магдоносот, месечницата, блитвата, турскиот каранфил, еднорогот, морковот и некои украсни слезови. Одгледувачите имаат создадено едногодишни сорти на неколку двегодишни растенија што цветаат од семе уште во првата година, како на пример бутинот и шебојот.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Detailed Information on Sweet William Dianthus barbatus“. Dave's Garden.