Луј Ежен Феликс Неел (француски: Louis Eugène Félix Néel), (Лион, 22 ноември 1904Брив ла Гајард, 17 ноември 2000) - француски физичар роден во Лион. Студирал во родниот град, а со титулата доктор на науки се здобил на универзитетот во Стразбур. Неел добил Нобелова награда во 1970 година, за неговите истражувања за магнетните својства на цврстите тела.[1][2]

Луј Ежен Феликс Неел
Louis Eugène Félix Néel
Неел во 1970 година
Роден(а)22 ноември 1904(1904-11-22)
Лион, Франција
Починал(а)17 ноември 2000(2000-11-17) (возр. 95)
Брив ла Гајард, Франција
НационалностФранција Французин
ПолињаФизика на цврста состојба
УстановиНЦНИ, Гренобл
ОбразованиеСтразбуршки универзитет
Поважни наградиНобелова награда за физика (1970)

Неговиот придонес во физиката се покажал со создавањето на бројни корисни апликации, особено во развојот на подобрените компјутерски единици. Околу 1930 година тој предложил нова форма на магнетно однесување наречена антиферомагнетизам („Ferrum“ што преведено од латински значи железо), како спротивност на феромагнетизмот. На одредена температура (Неелова температура) ова однесување престанува, поточно се губи одликата. Луј Неел потенцирал дека материјалите може да пројават феромагнетни својства. Тој исто така дал објаснување за слабиот магнетизам на одредени камења, правејќи го возможно учењето за историјата на магнетното поле на Земјата.

Награди

уреди
  • Хјузова награда на Научната академија (1935)
  • Феликс-Робинова награда на Француското друштво на физичари (1938)
  • Блонделов медал (1948)
  • Награда на „Тројцата физичари“ (1963)
  • Златен медал (1965)
  • Нобелова награда за физика (1970)

Наводи

уреди
  1. „Louis Néel - Biographical“. Nobel Prize. Посетено на 30 јануари 2021.(англиски)
  2. „Louis-Eugène-Félix Néel French physicist“. Britannica. Посетено на 30 јануари 2021.(англиски)

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: