Лујо Адамовиќ
Лујо Адамовиќ (Ровињ, 31 јули 1864 - Дубровник, 19 јули 1935) бил српски ботаничар. Татко му бил српскиот педагог и историчар - Вичко Адамовиќ.
Биографија
уредиЛујо Адамовиќ студирал медицина во Виена и природни науки во Белград и Берлин. Работел како средношколски професор на повеќе места во Србија. По одбраната на докторатот, од (1901-1905) бил професор на Големата школа во Белград, а потоа заминал во Виена како доцент. За време на Првата светска војна бил управител на Ботаничката градина во Белград. Ја проучувал флората и вегетацијата на Балканскиот и Апенинскиот полуостров, а особено ги опфатил областите на Србија, Црна Гора, Бугарија и Далмација. Тој вовел многу концепти во модерната гео-ботаничка наука. Неговите трудови биле објавени во многу научни списанија (Рад, ЈАЗУ; Глас, САН и др.). Негови најзначајни дела се: За шумите на Југоисточна Србија (Дело, 1899); Вегетациски односи на Балканскиот Полуостров (Лајпциг, 1909); Растително-географски формации на зимзелениот појас на Далмација, Херцеговина и Црна Гора (1911) и Фитогеографска положба и поделба на Италија. Покрај ова, објавил и многу други стручни трудови. Во научната литература ги вовел вегетациските поими псевдомаки и грмушки, а се занимавал и со докажување на законитоста на развојот и распространетоста на растителните видови.
Литература
уреди- Енциклопедија на Југославија (А-Биз) - Југословенски лексикографски институт - Загреб 1980 г.
- Српска семејна енциклопедија (АР) - Народна книга и политика - Белград 2006 г.