Лутроски манастир

манастир кај Лутрос, Берско

Лутроски манастир „Св. Недела“ (грчки: Ιερά Μονή Αγίας Κυριακής) — женски манастир кај селото Лутрос, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Лутроски манастир
Света Недела
Ιερά Μονή Αγίας Κυριακής
Карта
40°34′9″N 22°24′3″E / 40.56917° СГШ; 22.40083° ИГД / 40.56917; 22.40083
МестоЛутрос, Берско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршена1961
Управа
Архијерејско намесништвоКавасилско
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска

Манастирот се наоѓа кај селото Лутрос, на 20 км од градот Бер. Основан е во 1961 г. на место каде е откриена чудотворна икона на Света Недела.[1] Според легендата, во XVI век Света Недела Нова, сестра на Дионисиј Олимписки, била испосничка во блискиот манастир „Св. Јован Претеча“. Во 1914 г. на местото е изграден мал параклис.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Ιερά Μονή Αγίας Κυριακής“. Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Посетено на 31 мај 2014.
  2. 2,0 2,1 „Ιερά Μονή Αγίας Κυριακής“. Μοναστήρια της Ελλάδος. Посетено на 25 јуни 2017.[мртва врска]