Лук Мба а Муте

(Пренасочено од Лук Ба а Муте)

Лук Мба а Муте (9 септември 1986 во Јаунде) — камерунски професионален кошаркар кој настапува за екипата на Хјустон Рокетс во НБА како и за кошаркарската репрезентација на Камерун. Ба а Муте играл за кошаркарската екипа од средното училиште во Монтверди (Флорида), а потоа и за колеџот УКЛА во периодот 2005–2008. На драфтот во 2008 бил одбран во вториот круг од страна на Милвоки Бакс, за чија екипа играл пет сезони. Во јули 2013 бил разменет во Сакраменто Кингс,[1] а во ноември истата госдина бил испратен во екипата на Минесота Тимбервулфс каде останал до крајот на сезоната.[2] Летото 2014 Ба а Муте завршил во Филаделфија Севентисиксерс каке дел од размена на играчи од три екипи,[3] каде една сезона настапувал во почетната петорка. Во септември 2015 тој како слободен агент потпишал за Лос Анџелес Клиперс, а во вториот дел од сезоната 2015–16 заработил место во почетната постава на Клиперс.[4]

Лук Мба а Муте
Мба а Муте во дресот на Клиперс во 2016
број 12 – Хјустон Хјустон Рокетс
Крило / Крилен центар
Лични информации
Роден на9 септември 1986(1986-09-09)(38 г.)
Јаунде, Камерун
НационалностКамерун Камерун
Височина6 ст 8 ин (2.03 м)
Тежина230 lb (104 kg)
Информации за кариера
Средно училиштеМонтверди (Флорида)
КолеџУКЛА (2005–2008)
НБА драфт2008 / Круг: 2 / Избор: 37-ми вкупно
Одбран од Милвоки Милвоки Бакс
Професионална кариера2008–сѐ уште
ЛигаНБА
Историја на кариера
2008–2013Милвоки Милвоки Бакс
2013Сакраменто Сакраменто Кингс
2013–2014Минесота Тимбервулфс Минесота Тимбервулфс
2014–2015Филаделфија Филаделфија 76ерс
2015–2017Л.А. Клиперс Л.А. Клиперс
2017–сѐ уштеХјустон Хјустон Рокетс
Значајни моменти од кариерата и награди
  • Pac-10 Freshman of the Year (2006)
  • Pac-10 All-Freshman Team (2006)
Статистика на NBA.com
Статистика на Basketball-Reference.com

НБА статистика

уреди
Легенда
  ОН Одиграно натпревари   СН  Натпревари како стартер  МПН  Минути по натпревари
 ПШИ%  Процент на шут од игра  3П%  Процент на шут за три бода  СФ%  Процент на шут за слободни фрлања
 СкПН  Скокови по натпревар  AсПН  Асистенции по натпревар  УТПН  Украдени топки по натпревар
 БлПН  Блокади по натпревар  ППН  Поени по натпревар  Задебелено  Најдобро во кариерата

Регуларен дел

уреди
Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2008–09 Милвоки 82 51 25.8 .462 .000 .729 5.9 1.1 1.1 .5 7.2
2009–10 Милвоки 73 62 25.6 .480 .353 .699 5.5 1.1 .8 .5 6.2
2010–11 Милвоки 79 52 26.5 .463 .000 .707 5.3 .9 .9 .4 6.7
2011–12 Милвоки 43 22 23.5 .510 .250 .641 5.3 .7 .9 .5 7.7
2012–13 Милвоки 58 45 22.9 .401 .351 .571 4.4 .9 .7 .2 6.7
2013–14 Сакраменто 9 5 21.8 .469 .333 .692 3.0 1.7 1.0 .6 4.4
2013–14 Минесота 55 2 14.7 .447 .214 .685 2.2 .4 .4 .2 3.3
2014–15 Филаделфија 67 61 28.6 .395 .307 .589 4.9 1.6 1.2 .3 9.9
2015–16 ЛА Клиперс 75 61 17.0 .454 .325 .526 2.3 .4 .6 .3 3.1
2016–17 ЛА Клиперс 80 76 22.3 .505 .391 .678 2.2 .5 1.0 .4 6.1
Просек 621 438 23.2 .452 .324 .659 4.2 .9 .9 .4 6.3

Разигрување

уреди
Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2010 Милвоки 7 7 25.4 .520 .000 .600 5.6 .7 .3 .0 9.1
2013 Милвоки 4 4 34.0 .435 .000 .722 3.5 1.8 1.0 .0 8.3
2016 ЛА Клиперс 5 5 15.7 .667 .000 1.000 2.0 .2 .6 .0 1.8
2017 ЛА Клиперс 7 7 32.0 .395 .313 .700 4.9 1.0 1.1 .6 7.6
Просек 23 23 26.8 .467 .227 .678 4.2 .9 .7 .2 6.9

Наводи

уреди
  1. „Kings Acquire Luc Mbah a Moute“. NBA.com. July 12, 2013. Посетено на September 25, 2015.
  2. „Wolves Acquire Luc Mbah a Moute from Sacramento“. NBA.com. Turner Sports Interactive, Inc. 25 October 2013. Посетено на 26 November 2013.
  3. „Philadelphia 76ers Acquire 2015 First-round Pick From Minnesota“. NBA.com. Turner Sports Interactive, Inc. August 23, 2014. Посетено на August 23, 2014.
  4. „L.A. Clippers Sign Mbah A Moute And Tskitishvili“. NBA.com. September 25, 2015. Посетено на September 25, 2015.

Надворешни врски

уреди