Луи-Емил Ајершвајцарски и бугарски просветен деец и општественик, сметан за основоположник на спортското движење во Бугарија. Загинува во 1916 година, во Првата светска војна, како бугарски офицер во битката кај Дојран.

Портрет на Луи Ајер за време на Балканските војни

Животопис

уреди

Луи Ајер е роден во 1865 година во Бе, во кантонот Во во Швајцарија. Живее во Хомберт во кантонот Берн. Учи во Лозана, Женева и Нешател и работи како учител по спортски дисциплини во Вјове.

Во 1893 година бугарскиот министер за просвета Георги Живков го поканува заедно со уште девет швајцарски педагози да ги положат основите на спортското образование во Бугарија. Ајер работи како учител по физичко воспитување во Лом (1894), Силистра (1903) и Русе (1909) и е главен тренер на јуначките друштва. Ги воведува спортовите лесна атлетика, дигање на тегови, борба и бокс. Раководи со техничката комисија на гимнастичкиот сојуз „Јунак“.

При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година, Ајер на денот кога е објавена мобилизацијата се вклучува во Бугарската армија како доброволец и ја формира Јуначката легија во Русе. Во Втората балканска војна во 1913 година е командир на првата чета на Дванаесеттата лозенградска дружина на Македонско-одринското ополчение. Војува на Македонскиот фронт кај Султан Тепе и Драм Теке. За неговото херојство е унапреден во офицерскиот чин потпоручник и два пати е одликуван со крст „За храброст“.

По војната ја издава книгата „Pro Bulgaria“ на француски јазик во која ги брани бугарските позиции. Сите приходи од книгата ги дарува на бугарските воени ветерани. Објавува и статии за Бугарија во весникот „Ла Жјонев“.

При влегувањето на Бугарија во Првата светска војна одново се вклучува во армијата како доброволец. Првично е распореден во воен транспорт, но протестира и како офицер е преместен во Триесет и третиот пешадиски свиштовски полк. Ајер загинува на 2 септември 1916 година како командир на чета во одбраната на Дојран. Погребан е во дојранското село Чаушли.

Бугарско-швајцарското друштво основано во 1991 година во Русе, стадионот во Силистра, улица во Софија, како и врв на планината Елсворт на Антарктикот го носат неговото име.