Луис Ваз де Торес
Луис Ваз де Торес (галисиски и португалски:), или Луис Ваез де Торес во шпанскиот правопис (роден околу 1565; последно активен . 1607), бил поморски истражувач на шпанска експедиција од 16 и 17 век. Торес е првиот Европјанин за кој се знае дека пловел низ теснецот кој го одвојува австралиското копно од островот Нова Гвинеја и кој денес го носи неговото име (Торесов Проток).
Живот
уредиНе е позната годината и точното место на неговото раѓање; но се претпоставува дека во 1606 година бил во доцните триесетти или во четириесеттите години, и затоа се смета дека веројатно се родил година на раѓање од околу 1565 година.
Торес се приклучил на морнарицата на Шпанската круна и се нашол на пат до шпанските јужноамерикански колонии. Најпрво се споменува како назначен командант на вториот брод во експедицијата на Тихиот Океан предводена од португалскиот морепловец Педро Фернандес де Кеирос, во потрага по Тера Австралис.
Патувања
уредиВо мај 1606 година, експедицијата пристигнала до островите кои подоцна ќе се нарекуваат Нови Хебриди, а денес познати како независна држава Вануату. Кеирос застанал на голем остров за кој сметал дека е дел од јужниот континент и го нарекол Австралија дел Еспириту Санто. По шест недели, бродовите на Кеирос пловеле по морето за да го истражат крајбрежјето. Ноќта на 11 јуни 1606 година, Кеирос во Сан Педро и Сан Пабло се одвоил од другите бродови поради лоши временски услови и не можел (или барем така подоцна рекол) да се врати и да се укотви во Еспириту Санто. Всушност, екипажот се побунил, а неповолните временски услови им го овозможиле бегството. Капетанот на Сан Педро и Сан Пабло, Диего де Прадо, кој бил запознат со плановите на екипажот веќе се префрлил на бродот Торес, а истото го сторил и хирургот на експедицијата. Бродот на Кеирос потоа заминал за Акапулко во Мексико, каде што пристигнал во ноември 1606 година.[1] Торес, како поддршка за Кеирос навел дека кој и да бил на чело на Сан Педро и Сан Пабло заминал намерно, велејќи дека „не можевме да ги најдеме, бидејќи не пловеа по правилен пат, ниту со добра намера“. Подоцна, иако екипажот на Торес бил незадоволен од одлуките на Торес, немало бунт; Торес велел дека неговата „состојба била поинаква од онаа на капетанот Кеирос“.[2][3]
Торес останал во Еспириту Санто 15 дена за да добие инструкции од вицекралот на Перу за тоа по кој курс да продолжат ако бродовите се разделат и кој да командува ако го нема Кеирос. По писмото Торес ја презел командата на експедицијата.[4][5]
На 26 јуни 1606 година бродовите Сан Педрико и Лос Трес Рејес Магос под команда на Торес тргнале за Манила. Спротивните ветрови ги оневозможиле бродовите да одат по директна рута долж северниот брег на Нова Гвинеја. Во извештајот на Прадо се наведува дека здогледале земја на 14 јули 1606 година, што веројатно бил островот Тагула во архипелагот Луизијада, југоисточно од Нова Гвинеја. Патувањето продолжило во текот на следните два месеца. Експедицијата во јули 1606 година го открила заливот Милн и островот Базилаки, кој го нарекле Tierra de San Buenaventura, прогласувајќи го за шпански.[6] Шпанците имале блиски и понекогаш насилни контакти со локалното домородно население. Од овие острови, Торес пловел по јужниот брег на Нова Гвинеја и стигнал до заливот Оранжери, кој го нарекол Баја де Сан Лоренцо (затоа што го откриле на 10 август, празникот на Свети Лоренс или Сан Лоренцо). Експедицијата потоа отплови до Папуанскиот Залив, и го истражувале и исцртале крајбрежјето.[7]
Торес потоа тргнал по крајбрежјето на Нова Гвинеја и поминал низ протокот кој денес го носи неговото име. Во 1980 година капетанот Брет Хилдер, тврдел дека е поверојатно Торес на 2-3 октомври 1606 година, да поминал низ блискиот проток кој денес се вика Проток Ендевор.[8] Од Торесовиот Проток, тој сигурно би го здогледал Кејп Јорк, најсеверната точка на Австралија. Според австралискиот писател од 19 век Џорџ Колингриџ, Торес „ја открил Австралија без знае за тоа“.[9] Сепак, 7 до 8 месеци претходно Вилем Јансон неколку пати дошол до западниот брег на полуостровот Кејп Јорк, додека Торес никогаш не рекол дека го видел јужниот континент. „Овде има многу големи острови, а уште повеќе на југ“, напишал тој.[6]
Торес се движел покрај крајбрежјето на Нова Гвинеја и на 18 октомври 1606 година го присвоил островот во името на Шпанскиот крал. На 27 октомври стигнал до најзападната точка од Нова Гвинеја, а потоа тргнал северно од Керам и Мисол кон Халмахерското Море. Во јануари 1607 година стигнал до Тернате, дел од Спајс Островите. На 1 мај тргнал за Манила и таму пристигнал на 22 мај, каде што веројатно го поминал остатокот од својот живот.
Со оваа експедиција се докажало дека Нова Гвинеја не е дел од бараниот континент.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Prado's account can be read online
- ↑ Translation of Torres’ report to the king in Collingridge, G. (1895) The Discovery of Australia p.229-237. Golden Press Edition 1983, Gradesville, NSW. ISBN 0-85558-956-6. Full text available online: The Discovery of Australia, chapter 39: Relation of Luis Vaez de Torres
- ↑ Brett Hilder notes that there are "at least a dozen (letters in Spanish archives) from various officers denouncing Queirós(as) an incompetent leader." Hilder, B. (1980) p.175
- ↑ Hilder, B. (1980) p.17+
- ↑ Estensen, M. (2006) p186-189
- ↑ 6,0 6,1 Translation of Torres’ report to the king in Collingridge, G. (1895) The Discovery of Australia p.229-237. Golden Press Edition 1983, Gradesville, NSW. ISBN 0-85558-956-6ISBN 0-85558-956-6. Full text available online: The Discovery of Australia, chapter 39: Relation of Luis Vaez de Torres
- ↑ For colour photos of the charts, see Hilder, B. (1980). Also see Collingridge’s The First Discovery of Australia and New Guinea, 1905, which includes Collingridge’s own copies of three of the charts . The charts are the coloured maps 5,6 and 9.Map 9 is incorrectly titled "Moresby's Map of the Islands at the South-east end of New Guinea." It is in fact based on Prado’s Mappa III - showing Orangerie Bay, New Guinea
- ↑ Hilder, B.(1980) p.89-101
- ↑ George Collingridge (1905) The First Discovery of Australia and New Guinea.