Лузија (фосил)
Лузија (португалски: Luzia) – име на скелет на палеоиндијанска жена од доцниот палеолит кој бил пронајден во пештера во Бразил. Некои археолози сметаат дека младата жена можеби е дел од првиот бран имигранти во Јужна Америка. 11.500-годишниот скелет со кодно име Лузија (во чест на познатиот африкански фосил „Луси“, стар околу 3,2 милиони години) бил пронајден во Лапа Вермела (Lapa Vermelha), Бразил, во 1975 година од страна на археологот Анет Ламбер-Емперар[1].
Откривање
уредиЛузија била откриена во 1975 година од заедничка француско-бразилска експедиција, во пештера недалеку од Бело Хоризонте, Бразил. Остатоците не беа артикулирани. Черепот, кој бил одделен од остатокот од скелетот, но бил во изненадувачки добра состојба, бил пронајден под повеќе од 12 метри на минерални наслаги и остатоци. На местото не постоеле други човечки остатоци. Новите датирања на коските објавени во 2013 година потврдиле дека нивната старост е 10.030 ± 60 14C години п.с.. Лузија е еден од најстарите американски човечки скелети кои некогаш биле откриени [2]. Форензичарите утврдиле дека Лузија умрела во своите рани дваесетти години. Иако во околината се најдени камени алатки, нејзиниот е единствен човечки остаток во пештерата Вермела.
Фенотипска анализа
уредиОдлики на нејзиното лицето се: тесен, овален череп, испакнато лице и изразена брада, неверојатно различен од повеќето Индијанци и нивните домородни сибирски предци. Антрополозите различно ги опишале одликите на Лузија како личност на негроиди, домородни Австралијци, Меланезијци и негрито од Југоисточна Азија. Валтер Невес, антрополог од Универзитетот во Саун Пауло, сугерира дека одликите на Лузија најмногу личат на оние на австралиските абориџински народи. Ричард Нејв од Универзитетот во Манчестер, кој презел форензичка реконструкција на лицето на Лузија, го опишал како негроиден[3].
Невес и други бразилски антрополози теоретизирале дека палеоиндијанските претходници на Лузија живееле во Југоисточна Азија десетици илјади години, откако се преселиле од Африка и почнале да пристигнуваат во Новиот Свет уште пред 15.000 години. Најстариот потврден датум nа археозит во Америка е 18.500 и 14.500 години п.с. за локацијата Монте Верде во јужниот дел на Чиле [4]. Некои антрополози претпоставувале дека населението од крајбрежна Источна Азија мигрирало со чамци долж веригата на Курилските Острови, Беринговиот Брег, и по западниот брег на Америка, за време на падот на последниот леднички максимум[5][6].
Заклучоците на Невес биле оспорени од истражувањата направени од антрополозите Роландо Гонсалес-Хосе, Френк Вилијамс и Вилијам Армелагос, кои во своите студии покажале дека кранио-лицевата промена може да се должи само на генетско поместување и други фактори кои влијаат на кранијалната пластичност на лицето кај домородните Американци [7][8][9].
Споредба направена во 2005 година на примероците од Лагоа Санта, Минас Гераис со модерниот аиморски народ од истиот регион, исто така, покажала силни сродности, што го довела Невес да ги класифицира Ботокудосите како Палеоиндијанци [10].
Антропометрија
уредиЛузија била висока малку под 1,5 метри, обновена е околу една третина од нејзиниот скелет. Нејзините остатоци изгледа дека укажуваат на тоа дека таа загинала или во несреќа или како резултат на напад на животни. Таа била членка на група ловци-собирачи.
Наводи
уреди- ↑ C. Smith (1999). „Luzia Woman“. Discovery Communications Inc. Архивирано од изворникот на 2018-09-19. Посетено на 2007-12-21.
- ↑ Fontugne, MIchel (2013). „New Radiocarbon Ages of Luzia Woman, Lapa Vermelha IV Site, Lagoa Santa, Minas Gerais, Brazil“. Proceedings of the 21st International Radiocarbon Conference. 55 (2–3). doi:10.2458/azu_js_rc.55.16253.
- ↑ Larry Rohter (26 Oct 1999). „An Ancient Skull Challenges Long-Held Theories“. New York Times.
- ↑ Dillehay, Tom D.; Ocampo, Carlos (November 18, 2015). „New Archaeological Evidence for an Early Human Presence at Monte Verde, Chile“. Plos One. 10 (11): e0141923. doi:10.1371/journal.pone.0141923.
- ↑ Erlandson, Jon M. & Braje, Todd J., From Asia to the Americas by boat? Paleogeography, paleoecology, and stemmed points of the northwest Pacific (PDF), Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-09-19, Посетено на 2017-10-08
- ↑ Adachi N.; Shinoda K.; Umetsu K. & Matsumura H. (2009), „Mitochondrial DNA analysis of Jomon skeletons from the Funadomari site, Hokkaido, and its implication for the origins of Native American, Am J Phys Anthropol. 2010 Mar;141(3):504-5“, American Journal of Physical Anthropology, 138 (3): 255–65, doi:10.1002/ajpa.20923, PMID 18951391
- ↑ van Vark GN, Kuizenga D, Williams FL (June 2003). „Kennewick and Luzia: lessons from the European Upper Paleolithic“. American Journal of Physical Anthropology. 121 (2): 181–4, discussion 185–8. doi:10.1002/ajpa.10176. PMID 12740961.
- ↑ Fiedel, Stuart J. (2004). „The Kennewick Follies: 'New' Theories about the Peopling of the Americas“. Journal of Anthropological Research. 60 (1): 75–110. JSTOR 3631009.
- ↑ González-José R, Bortolini MC, Santos FR, Bonatto SL (October 2008). „The peopling of America: craniofacial shape variation on a continental scale and its interpretation from an interdisciplinary view“. American Journal of Physical Anthropology. 137 (2): 175–87. doi:10.1002/ajpa.20854. PMID 18481303.
- ↑ Lopes, Reinaldo José (10 Oct 2005). „Survivors: skulls of extinct Indians of Central Brazil indicate link with the first settlers of America“. Jornal da Ciência (португалски). Архивирано од изворникот на 2012-08-04.
Надворешни врски
уреди- Лузија (фосил) на Ризницата ?